На пропагандните лаги им се куси нозете

20.04.2017 09:20
На пропагандните лаги им се куси нозете

На пропагандните лаги им се куси нозете.

Такви се и пропагандните лаги на мафијата која се обидува да ја прикаже СДСМ како најголема „албанска партија“.

Состојба 2014 генерално:

ДУИ - 153.646
ДПА - 66.393
НДП - 17.783
ПДП - 385
Вкупно: 238.207

Состојба 2016:

ДУИ - 86.796
БЕСА - 57.868
АА - 35.121
ДПА - 30.964
ПДП - 1.143
Вкупно: 211.892

Заклучок:

Не се вистинити пропагандните тврдења на мафијата дека за СДСМ гласале 70 илјади албански гласачи, па и повеќе.

Најверојатно околу 27-28 илјади гласачи кои гласале за албанските партии во 2014 го дале својот глас за коалицијата на СДСМ, која излезе и со кандидати за пратеници Албанци промовирајќи концепт за едно општество.

Затоа, наместо да води лажни и клеветнички кампањи против сограѓаните Албанци, против албанскиот јазик, и против тие што гласале за коалицијата на СДСМ, најдобро за ВМРО-ДПМНЕ е да ја прошири својата коалиција со кандидати Албанци, за да ги привлече и албанските гласачи.

Само со таква понуда ВМРО-ДПМНЕ ќе докаже дека е за „Заедничка Македонија“, а не за федерализација и поделба на Македонија.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби

Слични содржини

Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото