1026 hPa
69 %
1 °C
Скопје - Сре, 15.01.2025 19:59
Дури 39,2 отсто од македонските граѓани трајно би се иселиле од државата. Ова го покажа новата анкета на Телма и МЦМС спроведена телефонски од „М-проспект“ на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. На трајно иселување најмногу размислуваат младите.
Дури 61 отсто од младите на возраст меѓу 15 и 24 сакаат трајно да се иселат, додека 92 отсто од оние над 65 години сакаат да останат во Македонија. Но, специфично е и што на иселување размислуваат во голем процент и оние на возраст од 35-54 години, а тоа се старосни групи кои го опфаќаат речиси сиот работоспособен потенцијал.
Гледано по етнички параметар, 31 отсто Албанци би се иселиле додека кај Македонците процентот е повисок, би ја напуштиле државата дури 40 отсто од нив. Како причини за напуштање на Македонија кај дури 50 отсто од испитаниците доминираат две причини, животен стандард и можноста да се најде работа во странство. Индикативно е што речиси 15 отсто рекле дека би се иселиле поради политичката состојба.
Извор: Плусинфо