1017 hPa
38 %
23 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 14:59
Скопје, 20 април 2017
Сите министри и функционери од ВМРО-ДПМНЕ би се иселиле од Македонија доколку дојде до смена на власта, покажа најновата анкета на Пара вести, спроведена врз примерок од 200 високи функционери од партијата.
Како главна причина 80% од испитаниците го наведоа стравот од спроведување истраги независни од Сваровски судството, кои би можеле да ги „заглават“ на долгогодишна робија.
15% од учесниците во анкетата велат дека би ја напуштиле земјата не затоа што се плашат дека ќе бидат кривично гонети, туку поради срамот од соучесништвото во криминалните активности на власта.
3% од испитаниците велат дека ќе си заминат затоа што тешко им паѓа животот во Македонија како опозиционери, а 2% би заминале во странство и оттаму би преговарале за да направат премин во некоја од новите владејачки партии или да се пријават за заштитени сведоци.
Криминалците со кои контактираше редакцијата на Пара вести изразија загриженост дека ваквиот иселенички тренд и расположение може да ѝ зададе сериозен удар на мафијашката дејност во Македонија.
„Кога речиси сите врвни криминалци сакаат да побегнат од земјата, тогаш е јасно дека нешто не е во ред. Македонија не смее да си дозволи да изгуби таков човечки потенцијал“, изјави за Пара вести мафијаш кој сакаше да остане анонимен.
Пара вести контактираа и со криминалците од ДУИ, но оттаму одбија да учествуваат во анкетата, со образложение дека се презафатени со подготвување тендерска платформа.
Слики: Странски служби