
Во полето сум
отсутност на поле.
Секогаш е
така.
Каде и да сум
она сум што го нема.
Кога чекорам
го делам воздухот
и секогаш
воздухот се склопува
за да го исполни просторот
каде што беше моето тело.
Сите имаме причини
за движење.
Јас се движам
за работите да останат цели.
Превод: П. В.