Мултиетничка сиромаштија!

21.04.2017 03:36
Мултиетничка сиромаштија!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски секојдневно во строго контролираните медиуми промовира нови и сè понови фабрики и работни места каде што наводно, (ќе) се вработуваат илјадници граѓани. Меѓутоа, поради политичката криза, граѓан(к)ите врз својот грб сѐ посилно ја чувствуваат сиромаштијата во државата. Во Македонија сиромаштијата не познава ниту јазик, ниту нација, ниту вера!

Доволно е човек да помине преку плоштадот и Камениот мост и да стигне до скопската Стара чаршија, веднаш ќе забележи дека сите го „разбираат“ јазикот на сиромаштијата.

Камерата на ЦИВИЛ Медиа забележа мало Ромче како на ромски јазик пее за Ѓурѓовден за да заработи некој денар, наместо да е на училиште како сите деца. На десетина метри од момчето, на плоштадот „Филип Втори“, минувачите ги забавува уличен пејач којшто пее за своите маки, на турски јазик. Додека на влезот во Старата скопска чаршија еден дедо со својата чифтелија (албански инструмент) секој ден се обидува да заработи со свирење и пеење на албански традиционални песни.

„Уличните уметници“ низ песна ја побиваат политички создадената лажна слика дека државата ни е „втора најбрзорастечка екомномска сила во светот“.

Извор: civilmedia.mk