Страв од ноќта

21.04.2017 17:23

      Според Леопарди

Алкетус: Ти велам, Мелисус,
баш сега додека ја гледам месечината, ме потсетува
на сонот што го сонив сношти.
Стоев на прозорец и го гледав небото
и ненадејно месечината почна да паѓа.
Директно врз мене, сè поблиску и поблиску,
додека, како некаков сад, крај куќата
во парчиња не се раскрши.
Пламна потем, потоа зацврчи
како жар фрлен во вода.
Поцрне, спржувајќи ја тревата наоколу.
Ете така згасна месечината.
Но работата не е само во тоа.
Кога го подигнав погледот, во мракот видов отвор.
Тоа беше дупката од која месечината
се стркалала од небото.
Ти велам, Мелисус,
ми беше страв и сеуште ми е страв.

Мелисус: А зошто да не ти биде? Најпосле,
месечината и може секој миг да падне.

Алкетус: Така е, погледни ги само ѕвездите:
паѓаат цело божјо лето.

Мелисус: Но ѕвезди има многу: не е ни важно
ако паднат неколку.
Остануваат илјадници други.
Ама само една постои месечина на небото
и никој не видел дека паднала освен на сон.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото