„Скопје Смог Аларм“ со моќна порака за Меѓународниот ден на планетата Земја

22.04.2017 20:03
„Скопје Смог Аларм“ со моќна порака за Меѓународниот ден на планетата Земја

На меѓународниот ден на планетата Земја, неформалната заедница на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ организираше еко-герила акција со силна порака до јавноста. Во потрага по економски раст и технолошки развој, човештво целосно  ја занемари мајката на сите мајки, а тоа е планетата Земја.

На 22 април е поставен ликот на Земјата со тажен израз и јасна порака за борбата за чиста животна средина. Инсталацијата беше поставена на само една од повеќето стотици диви депонии ширум земјава и истата се наоѓа во Скопје (Карпош 4, кај Мост Газела). Позадината на фотографијата јасно го покажува деструктивниот однос на луѓето кон природата.

Целта на оваа еко-герила акција е повторно да се зголеми нивото на свест кај луѓето за тоа каков однос имаме кон животната средина и кон единствената планета на која сите живееме.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото