Никој не е заинтересиран за остатоците од Заводот за урбанизам и архитектура

24.04.2017 02:37
Никој не е заинтересиран за остатоците од Заводот за урбанизам и архитектура

Два дена по трагичниот пожар кој го пеплоса поранешниот Завод за урбанизам и архитектура на град Скопје, сликата станува сè поочајна. За тоа што остана апсолутно никој не е заинтересиран, па денешниот ветер ги разнесува остатоците на сите страни. Во нив, покрај богатството од документација за постземјотресната обнова, може да забележиме урбанистички и сообраќајни студии за сето она што е работено во втората половина на XX век, огромна библиотека со стручни наслови, списанија од полињата на интерес од регионот и што ли уште не.

 

Она што е навистина сомнително, а што беше забележано деновиве низ медиумите, е информацијата дека водоводната и електричната инсталација биле исклучени, што наведува на сомнеж за подметнат пожар. Потоа, како е возможно од институција – Завод за урбанизам на град Скопје, истата да премине во акционерско друштво и целото наследство да остане таму, кое пак сега е во стечај?! Најтажното е тоа што никој нема на терен, да се обиде да провери што е останато и со желба да го подигне од таму.

 

МАРХ во текот на утрешниот ден ќе се обиде да обезбеди повеќе информации, меѓу кои дали од архивата постојат копии во градскиот и државниот архив, библиотеката на Архитектонскиот факултет, како и да дознае во чија сопственост беше истата. Дали како струка можеме да покренеме иницијатива да се проверат остатоците и да помогнеме да се тргне на соодветно место она што може?

 

Денес ја посетивме локација и ви ја пренесуваме тажната слика низ фотогалерија.

 

Извор: marh.mk
Фотографии: Антонио Грујевски

ОкоБоли главаВицФото