1028 hPa
62 %
13 °C
Скопје - Нед, 03.11.2024 16:59
Вечерва, кај Горанците у маало. Кафанче со два астала надвор. Коа има гужва - три, со карирани чаршафи. Секој со секого се знае и дофрлување од маса на маса е дозволено, дури добредојдено. Од двете маси, де.
Се паркира Ауди со словенечки регистрации. Знаеме кој е. Борис. „Емигрант“ од наше маало. Има повеќе од 35 години како е отиден. Доаѓа секоја година најмалку два пати. На времето бил у клас со моја тетка. Ептен ја свиџал и глупакот кажал на најдобриот другар. Наравно, вујковциве мои дознале другиот ден и спремни за тепачка. Така било јебига, а тетка ми појма немала, све до денеска. После колку? 50 години. :)
- Чекај Џанго.
- Абе, на одење сум.
- Абе седи малце, да ти кажам нешто.
(седнувам)
- Шо ќе пиеш?
- Нишо бе, Борис, ти викам, станат бев.
- Абе, не ме заебаај сеа, збори.
- Ај, кафе едно.
- Не може.
- Пиво.
- Може пиво. Рамбо, донеси... шо пиво?
- Даб.
- Даб и една жута, Рамбо.
(Носи Рамбо, едвај чека Словенци у кафана со два астала.)
- Знаеш кај бев денеска?
- Кај?
- Се собравме друштво - генерација у Лавче, позади универзална.
- И?
- Ја викнавме тетка ти. Дојде.
- Добро бе Борис, ја препозна?
- Абе види сеа, цртите се тие.
(Ко ме удри една смеа. Цртите биле тие... ппффаахахаа... тетка ми бе? Па после толку години?)
- Се познавте, Борис?
- Да бе, И... ѝ кажав.
- Шо ѝ кажа?
- Дека ептен ме свиџаше и дека не се усудив тогаш да ѝ кажам.
- И? (ја радознал, за родбина се работи, да не требе да искодошам нешо.)
- Па ништо. Ко да не ме слушна.
- Е јебига.
- Ама се договоривме ко ќе дојдам следниот пут, па у Лавче да се видиме, со друштвото.
Си допив пивото.
Извор: Фејсбук профилот на авторот
На сликата: Вез врз фотографија, Julie Cockburn