GIFEST #5 - регионален фестивал на гифови

25.04.2017 00:07
GIFEST #5 - регионален фестивал на гифови

Јубилејниот, петти по ред регионален фестивал на гифови GIFEST#5 ќе биде одржан во Арт киното Александар Лифка во Суботица, во месец јуни оваа година, а сите заинтересирани гиф-артисти можат да ги пријават своите авторски гифови до 25.5.2017 на gifest.subotica@gmail.com.

Фестивалот на гифови GIFEST е прв и единствен фестивал од овој тип во регионот, а целта е се соберат сите гиф артисти на едно место и да се промовираат нивните дела.

Од 2013 година, кога фестивалот е првпат организиран, во натпреварувачкиот дел од програмата се прикажани повеќе од 450 гифови, од околу 200 учесници од регионот и пошироко.

Освен на самиот фестивал, гифовите се прикажани и во рамки на фестивалот Филмски фронт во Нови Сад, RomaDay во Берлин, Ноќ на музеите и Меѓународниот ден на младите во Суботица, како и во Концепт 37 во Скопје, Ликовната галерија КЦ Врбас, Клубот Мочвара во Загреб итн.

Пропозиции:

-Анимираниот гиф мора да се состои од најмалку два фрејма
-Не постојат ограничувања во смисла на содржината и форматот на гифот (дозволено е сѐ, од апстракција до ангажираност)
-Секој автор може да прати најмногу пет авторски дела.

Услови:

-Учеството на фестивалот е бесплатно и отворено за сите
-Пријавените дела мора да бидат авторски творби на оној/онаа кој/а ги праќа
-Учесниците се согласни нивните дела да бидат објавени на фестивалската Фејсбук и Имгур страница

Податоци кои треба да се достават со гифовите:

- Наслов на делото
- Име и презиме на авторот
- Град и држава од која доаѓа авторот
- Професија и возраст
- контакт телефон и e-mail

Gif-овите треба да се праќаат во прилог на мејлот на оваа адреса gifest.subotica@gmail.com

Фестивалот можете да го следите и на: https://www.facebook.com/GIFEST

Делата кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат прикажани во натпреварувачкиот дел на GIFEST#5.

Gifest mo\ete da go sledite na: https://www.facebook.com/GIFEST/

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Култура / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан
Книжевност / Уживање / Култура
Јавни простори / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото