За бесмислиците на ДПМНЕ

26.04.2017 02:30
За бесмислиците на ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ја отфрли платформата и нови избори

 

Што е овде бесмислено:

1. Творците на платформата за која станува збор се во актуелната Влада на Република Македонија во коалиција со ДПМНЕ. ДПМНЕ во ниту еден момент не побара нивно отстранување и не се откажа од нивните заложби како претставници на партиите кои ги претставуваат.

2. Доколку има идни избори, секоја политичка партија која ќе освои мнозинство од гласовите мора да коалицира со творците на платформата за која станува збор.

3. ДПМНЕ ниту еднаш не истапи со изјава во која ја отфрла платформата за која станува збор и со која тврди дека нема да стапи во коалиција со творците на истата.

4. ДПМНЕ не поведе постапка за дерегистрација на ниту една од политичките партии кои се творци на платформата за која станува збор (а што би бил логичен чекор доколку навистина станува збор за партиско делување кое е спротивно на Уставот на Република Македонија, односно, е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок во државата).

Заклучок:

ДПМНЕ ги лаже граѓаните и го негира правниот поредок во државата со што ја загрозува нејзината безбедност, ја загрозува безбедноста на граѓаните и се обидува по насилен пат да ја задржи власта која ја изгуби на одржаните парламентарни избори.

Секој инволвиран во оваа манипулација и во потикнувањето на насилство во државата (политичари, судии, администратори, граѓански активисти, медиуми...) мора кривично да одговара.

Кога сето ова ќе заврши, не смее да се дозволи Ѓорге Иванов да користи ниту една од привилегиите кои му припаѓаат како на поранешен претседател на државата.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото