(ВИДЕО) Со песна од Арсен Дедиќ, публиката ја одбрани претставата на Оливер Фрљиќ од лутите демонстранти

26.04.2017 10:58
(ВИДЕО) Со песна од Арсен Дедиќ, публиката ја одбрани претставата на Оливер Фрљиќ од лутите демонстранти

Пред почетокот на претставата „Наше насилство и ваше насилство“ на контрoверзниот хрватски режисер Оливер Фрљиќ, синоќа во Сплит дојде до бурни протести пред театарот, но и до интересна, спонтана реакција на публиката во салата.

Претставата „Наше насилство и ваше насилство“ предизвика голем интерес, првенствено поради контроверзните сцени, како онаа во која Исус Христос силува муслиманка. Католичката црква за оваа претстава оцени дека ги навредува верниците, а сепак таа е на репертоарот на фестивалот за хрватска драма Марулиќеви денови, во чии рамки беше изведена синоќа на сцената на Хрватскиот народен театар во Сплит.

Тоа беше и причина за да се случи протест пред Хрватскиот народен театар, главно од членови и симпатизери на ХСП (Хрватска странка права), кои ги навредуваа гледачите кои доаѓаа на претставата.

Од масата се слушаа разни навреди кон гледачите кои влегувале во театарот, а во еден момент демонстрантите се нафрлија и кон полицијата која го обезбедуваше театарот.

Собраните демонстранти бараа режисерот на претставата Оливер Фрљиќ да биде уапсен и за министер за култура да биде вратен Златко Хасанбеговиќ, кој беше поврзан со неколку скандали поврзани со усташтвото.

Дел од симпатизерите и членови на ХСП, како што пишуваат хрватските медиуми, имале купено и карти за претставата со цел да влезат внатре и да се обидат да предизвикаат инцидент.

Меѓутоа, во тие моменти дојде до спонтаната реакција на публиката и посетителите почнаа да ја пеат песната „Када би сви људи на свету“ од Арсен Дедиќ, со што ги замолчеа демонстрантите.

Ова не е прв пат претстава на Фрљиќ да предизвика бурни реакции, па дури и посериозни инциденти, откако неодамна во Полска исто така имаше демонстранти пред негова претстава, па мораше да интервенира и полицијата.

Извор: А1он

Слични содржини

Балкан / Спорт
Европа / Балкан / Став / Култура / Историја
Книжевност / Култура / Историја
Општество / Балкан / Став / Живот
Балкан / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото