Не смееме да дозволиме насилниците да останат неказнети!

28.04.2017 03:39
Не смееме да дозволиме насилниците да останат неказнети!

Ноќта е во затишје... бурата помина... претемна е тишината.

Секој кој крена рака, кој фрли статив, кој ракрвави нос, кој посегна по насилен пристап на политичката криза во државава, мора да понесе одговорност за оваа гнасотија којашто се случи вечерва во Собранието на Р. Македонија.

Не смееме да дозволиме да поминат неказнети организаторите на насилниците кои извршија не упад - туку напад на парламентот. Не смее да се направи некаков договор за нечија амнестија. Не смее да помине неказнето сето ова.

Македонија мора да си ја научи лекцијата еднаш засекогаш, дека не треба да ги заташкува проблемите и од нив да создава лажна историја која изродува вакви крвопијци и гладни за нечија смрт нелуѓе.

Вечерашните настани во Собранието на Р. Македонија најсилно да бидат осудени! Да бидат казнети прво сите потпалувачи на омраза, почнувајќи од оние кои гнетеа самоволие за ноќи на долги ножеви како Валентина Божиновска, продолжувајќи со овие креатури на омразата и гадостите како Богдан Илиевски, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Елена Мисиркова, Васил Зафирчев и редоследно сличните со нив... Одговорност - граѓанска, кривична и секаква, освен за криминалите, пред сè и над сè мора да понесат Ѓорге Иванов и Никола Груевски, како најеклатантни примери за СЕЕЊЕ и ПОТПАЛУВАЊЕ меѓуграѓанска омраза и желба за нечија смрт!

Дополнително, сите нивни поддржувачи (Илија Димовски, Даниела Рангелова, Владанка Авировиќ, Трајко Вељаноски, Никола Тодоров, Влатко Ѓорчев, Антонијо Милошоски, Крсто Јовановски, Крсто Мукоски, Зоран Илиоски, Васил Пишев, Елизабета Канческа-Милевска, Емил Димитриев, Оливер Андонов и сличните им) треба да понесат одговорност поради рассејување на нивната омраза и желба за крв!

Да одговараат треба и сите т.н. новинари кои ја злоупотребуваа професијата, кршејќи ги сите правила и начела на новинарството и кои ја разгоруваа, ја потпалуваа и поттикнуваа постојано омразата кон голем дел од своите сонародници.

Следствено, одговорност мора да понесат сегашните наредбоНЕдавачи за сигурноста и безбедноста на овој народ - тековниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кои доведоа до моменти во кои пратениците, службениците во Собранието и новинарите, снимателите и останати медиумски работници се чувствуваат незаштитени од службите кои добиваат плата од нашите даноци, и на кои им беше загрозена безбедноста по здравјето и пред сè и над сè ЖИВОТОТ! Во оваа држава човек не може да се чувствува сигурен, безбеден, заштитен!

Исто така, за играње ни ваму-ни таму, а и за многу други работи, на одговорност треба да се земат и Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, но, и покрај тоа што вечерва најтешко беше повреден, и Зијадин Села за сите потпалувачки изјави кои ги даваше досега. Тие кои го претепаа крвнички, да изгнијат в затвор. Ниедно насилство не е оправдано! Одговорност треба да понесе и Ибрахими Зеќирија, кој пеејќи дел од албанската химна на собраниската говорница, придонесе за насилствата вечерва, настрана фактот што треба да биде осуден за таквиот чин, во македонското собрание, а и сите оние кои му станаа додека пешее, меѓу кои и Мухамед Зекири и Ѓулумсер Касапи.

Ова што се случи вечерва, јас сум убеден според ситуацијата дека беше оркестрирано да биде така, но, веројатно во даден момент излезе од сечија контрола поради бесните кучиња (особено баби и дедовци и инструирани сигурносни служби под фантомки) пуштени од синџир, правец - в собраниската сала! Свесно да оставиш луѓе да бидат тепани и да страдаат во најсветиот дом на демократијата во една држава, без да обезбедиш пред тоа полициска сигурност (а постои за тоа основа, и тоа дебела) и потоа да ги пуштиш да влезат како да се на корзо, а и потоа да нема никаква реакција на службите повеќе од еден час - тоа за мене е злосторство против човештвото и за тоа треба да се одговара пред меѓународните судови.

#ЧЕСИЛЕЖИТЕ!!! #ЌЕОДГОВАРАТЕ!!! МОРА!

Доколку ова помине со заташкување, да си ги спакуваме куферите, зашто после сè, сме направиле сè што е во наша моќ за спасот и правецот кон напредок на земјата! Да не го дозволиме тоа!

Огромна благодарност и почит кон огромен број граѓани и сонародници од сите националности, кои не дозволија ситуацијата уште повеќе да ескалира и да се доведе преку работ на меѓуграѓански судири и вонредни состојби!

Смиреност, желба за промени и правда, на начин на кој ќе мора да го издржиме доколку сакаме да ја видиме Македонија во иднината. Истрпевме досега, ќе истраеме уште малку.

Добра ноќ, добри луѓе и на сите повредени, нападнати, под стрес, преплашени и вознемирени ви посакувам што побрзо да пронајдете спокој и желба за понатамошна борба за слобода на Македонија!

#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографии: Огнен Теофиловски