Крвавата ноќ во македонското Собрание

28.04.2017 11:36
Крвавата ноќ во македонското Собрание

Фотографии и видеа од тревожните настани на 27 април 2017.

Парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери за спикер на Парламентот за време на редовна, континуирана седница на Собранието, пред очите на јавноста и на медиумите. (Фото: Ѓ. Личовски)

Зоран Заев му го честита на Талат Џафери изборот за нов претседател на Собранието. (Фото: Ѓ. Личовски)


Хаосот почна веднаш откако парламентарното мнозинство го избра Талат Џафери за претседател на Собранието.


Полицијата речиси не реагираше и не ја спречи толпата да влезе во Собранието, по што беа повредени пратеници од парламентарното мнозинство (Фото: Ѓ. Личовски)


Насобраните луѓе пред зградата неспречени од полицијата влегоа внатре, ја зазедоа собраниската сала, скалите, а се качија и во прес центарот, каде што беа пратениците на СДСМ и ДУИ и почнаа да ги тепаат со столови и со сè што им дојде до рака. Полицијата никаде ја немаше.


Член на обезбедувањето на Заев соочен со демонстрантите кои упаднаа во Собранието да ги линчуваат пратениците на СДСМ (Фото: Ѓ. Личовски)


Демонстрантите ја „зазедоа“ Пленарната собраниска сала, каде што пееја песни и вееја знамиња.


Актерот Владо Јовановски и директорот на Македонската опера и балет, оперскиот пејач Игор Дурловски беа меѓу толпата што упадна во пленарната сала на Собранието (Фото: Ѓ. Личовски)


Крвнички претепани беа Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски, Зијадин Села, а на снимките видовме и како еден постар белокос човек ја влече за коса Радмила Шекеринска, речиси турнувајќи ја на земја.


Шекеринска не успеа да им избега на насилниците во прес центарот, а на видео снимките се гледа и напаѓачот. (Фото: Радио Слободна Европа/принтскрин)


Претседателот на СДСМ Зоран Заев беше со рскрвавена глава изнесен од Собранието од каде што замина во седиштето на партијата на Бихаќка. (Фото: О. Теофиловски за Ројтерс)


Пратениците беа извлекувани од собраниската зграда со оклопни возила на полицијата. (Фото: Г. Трпеноски)


По насилното запоседнување на Собранието демонстрантите освен што тепаа пратеници оставија демолирани сали, ходници, ѕидови.
Штетите кои ги оставија зад себе ги покажуваат фотографиите на Огнен Чанчаревиќ за VoA.

Видео: Радио Слободна Европа

Видео: А1он

Во 23.30 пратениците од парламентарното мнозинство беа извлечени од Собранието, а пред него и понатаму останаа насобраните демонстранти.

Извор: Мkd.mkSdk.mk, Plusinfo.mk, Радио Слободна Европа, А1он.мк