Не сте вие херои! Ние сме разумните херои!

28.04.2017 11:50
Не сте вие херои! Ние сме разумните херои!

Ах бре, недоветни, плитки, прости, глупаци, шутраци безвредни, малоумни идиоти, ние за овие 11 години имаме инхибирано многу повеќе гнев од вас, многу повеќе сме страдале, нè репресирале, нè тeпале. Нашиот гнев може да предизвика уште поголема агресија, насилство, торнадо, ама нашата големина е во тоа што сме разумни.

Да се сметате за херои што сте влегле во Собрание е исто како да се китите со хероизам што сте си влегле дома. Потешко е пијани да ја погодите клучалката од домашната врата, од леснотијата со која полицијата ве пушти да влезете во Собранието.

Вашите восклици на среќа за тепани и раскрвавени пратеници зборуваат дека вашиот мозок е исцицан од мизантропија, национализам, дека во него останал само животинскиот инстинкт за преживување кој е еквивалентен на партиски полтронскиот.

Не ве интересираат морални, етички, култролошки вредности, вие сте едно мало Ништо, облечено во македонско знаме мислејќи дека тоа ќе ви даде некоја особена големина и важност. Можете и круни да си ставите на празните глави, ама тоа нема да ве направи Кралеви и Кралици.

Ништожници едни, кокети кои со милно трепкање и безусловна сервилност си ги продадовте вашите животи.

Не сте вие херои, ние сме, моите другари што ги пикавте по притвори, сите ние што го одбравме потешкиот пат, ние кои немаме резервен живот, па сепак ризикувајќи ја личната и финансиска егзистенција, застанавме цврсто на страна на правдата. Сите можевме да бидеме ВМРО, ама личниот интегритет и достоинство ни се поважни. Зашто без тоа сме едно мало Ништо, како вас, како бледите форми што си ги гледате во огледало.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографии: Огнен Теофиловски