Реакции по крвавиот собраниски четврток

29.04.2017 12:50
Реакции по крвавиот собраниски четврток

 

Зоран Заев е балканскиот Ганди


Зоран Заев е само едно – ХЕРОЈ!

Некои од нас го сакаат, некои не, за некои е „сељак од Струмица“, за некои бил невешт политичар. Од вечерва, Зоран Заев е само едно - ХЕРОЈ. Фашистот и кукавица Н.Г. избега во Виена и прати бандити. Заев е во Собрание и не избега од толпата. Тоа ќе остане запаметено!

Сашо Кокаланов

Кога Заев му ја даде гас-маската на друг

Има еден момент во видеото на N1 кога почнуваат шок-бомбите и пратениците се целосно набутани во ќош во прес салата, пред распнување и целосен линч. Еден од обезбедувањето му подава гас-маска на Зоран Заев и тој ја зема и потоа му ја дава на друг пратеник. Мислам дека тоа е вредно да се спомене.

Кристина Озимец

По сцените што ги видовме синоќа во македонскиот парламент, нема да биде претерано ако кажам дека од овој филм до сега немам видено слична храброст и одлучност стоички и ненасилно да се порази една бездушна, насилничка и хохштаплерска империја. Во стилот на Големата душа, Зоран Заев и пратениците од парламентарното мнозинство, прво легитимно и легално го избраа новиот претседател на парламентот и со тоа го завршија конституирањето на Собранието, а потоа ненасилно, практично без да пружат отпор, ги примија ударите на разулавената банда на Никола Груевски и на Ѓорге Иванов, доведена и пуштена во Собранието да се пресмета со народните избраници и да изведе државен удар. Стотина луѓе се повредени при ова нарачано и од полицијата дозволено дивеење. Но, сликата на Зоран Заев со раскрвавена глава, сликата што ја виде целиот свет, не беше слика на понижен човек, туку портрет на новиот балкански принц на ненасилниот отпор, портрет на нашиот балкански Ганди.

Бранко Героски, Плусинфо

Да те истепаат, да сакаат да те убијат и да излезеш на прес со цела пратеничка група ранети соборци, патем да се воздигнеш над ситуацијата и на подбуцнувачите да им честиташ што сепак те бранеле... што да каже човек освен: Груевски, гледаш ли како се влегува на голема врата во историјата? Глушецот избега во Виена, па после во 3 по полноќ прес држеше. Стаорец! Ѓорчев и Милошоски, одете убијте се!

Емилија Лазаревска

Полицијата на Чавков е соучесник во насилството

 

За протестите за случајот „Монструм“ кои се одвиваа пред судот и општина Чаир, како и за протестите на Шарената револуција, Марко Зврлевски подигнуваше обвинувања за учество во толпа и за тоа се водеа судски постапки врз основа на фотографии кои ги правеа луѓето на Чавков.
На тие фотографии овие лица кои се после осудени, само стојат и не прават ништо, бидејќи со самото присуство го сториле делото.
Сега има стотици снимки со конкретни ликови кои вршат насилство во Собрание и врз пратеници.
Зврлевски подготвен си да одиш во затвор или ќе реагираш?

Боби Илиевски

Она вчера беше заговор против државата организиран од режимот кој со сите средства сака да остане на власт. Полицијата на Чавков асистираше во заговорот.

Владимир Милчин

Немојте да мислите дека полицијата и органите на редот ќе му откажат послушност на Груевски. Немојте да мислите дека дебеловратците исто така ќе им откажат послушност на дебелогазовците (политичари).
Работата не е ниту на средина, ниту на крај, напротив, на почеток е. Се наоѓаме во ситуација во која ВМРО-ДПМНЕ бара начин за себефакторизација и ламушкање околу можноста да влезе во циклус на преговори (Пржино) чии барања ќе се однесуваат на нови избори и концентрациона влада како цех за размена на продолжување на законот за СЈО.
Со тоа, државата минимум уште една до две години ќе остане во заложништво на оваа багра политиканти и нивните измеќари.
Оттука треба да се градат стратегиите на опозицискиот блок и т.н. граѓански сектор.

Мариглен Демири

Треба еден граѓанин да му удри 3-4 шамари на Жерновски. Силни. Нема тука кривично дело, тоа е само прекршок“, вели Груевски во прислушуваните разговори.
Каква ли била наредбата за вчерашните настани?

Владимир Петрески

Митко Чавков е директен егзекутор на Сашо Мијалков и на криминалната банда која ја имаше окупирано Македонија!!! Ќе одговараат за сите злостори врз македонскиот граѓанин!!!

Владимир Лазаревик

Во нормална држава, дури и помасовна журка да правиш, а камоли протест, се пријавува во МВР. Таму ќе те напрчат со потпис дека тој и тој ја презема одговорноста, доколку се случи нешто - тепачка, кршење на инвентар, а не па обиди за убиство... Значи, организаторите ги имате, снимките ги имате, лицата (кој повеќе, кој помалку виновни си ги имате на снимки)... Постапувајте и преземајте мерки по закон, за да институцијата си го врати угледот.

Дивна Јовковска – Ефтимовска

Повеќе полицајци дојдоа кај нас дома кога ме апсеа, отколку што има вечерва пред и во Собранието на Македонија.

Томислав Кежаровски

Силеџиите со качулки се од МВР или блиски до нив. МВР сите овие години е штит на криминал и одржувач на фашизам. На служба биле, велат, исполнувале наредба, велат, кој и да бил на власт ќе исполнувале наредба, велат?! Арам државниот леб што го јадете! Се срамам од полицијата, којашто во голем дел е соучесник во криминал. Како се враќаат од акција дома, бе? Како легнуваат до своите жени? Како ја лажат фамилијата за гадотиите во кои учествуваат? Како ги галат своите деца, со рацете со кои тепаа студенти, а се ракуваа со силеџии. Морони.

Синоличка Трпкова

Зошто не се уапсат веднаш сите оние кои се наоѓаат во шаторите пред Сообранието.
Со лисици да се спроведат во полиција.
Ааа, извинете, заборавив. Па тоа се мафијашките другарчиња на мафијашката полиција на мафијашот Мијалков.
Тие се заштитени.
Полицијата мава и апси само универзитетски професори.

Мирјана Најчевска

 

ВМРО-ДПМНЕ нема ниту домашен, ниту меѓународен легитимитет!

 

Процесот на меѓународното признавање на новата влада на Република Македонија отпочна уште додека траеше насилството во парламентот. Сликите на раскрвавениот претседател на СДСМ и на неговите соработници, како и ортачењето на полицијата со насилниците, само ќе го забрза тој процес.
Соопштението на американскиот Стејт департмент во кое се осудуваат насилствата и се изразува подготвеност да се соработува со легално избраниот претседател на собранието, како и идентичните ставови на европските амбасадори, значи дека идната влада е нивниот соговорник. 
Сношти, досегашните носители на власта кои со формирањето на парламентарното мнозинство го загубија легитимитетот да управуваат со државата, го загубија легитимитетот и во очите на претставниците на меѓународното општество на демократски држави. Во отсуство како на домашаен така и на меѓународен легитимитет, ВМРО-ДПМНЕ треба сериозно да се замисли. 

Денко Малески, Плусинфо

Вождот е болен, а глуми нормален, а народот не е болен, но глуми лудило!

Ликовите на еден просечен вемереовец немаат крај. Нив ги одредува вождот – согласно неговата манија на гонење, утрински халуцинации и сомнежите дека странците можеби му нашле некоја сметка во некоја банка. Тој интересот на јавноста го разбира како провокација, сите неистомисленици како „храна за Ќосето“, заканите кон граѓани и новинари како пријателско предупредување, формирањето паравојски како демократија, слободата на говор како завера против Македонија, европската загриженост како лицемерие, демократите како есдеесовци, Албанците како змии, кои ќе треба да се сотрат, истовремено канејќи ги и тие да дојдат на албанофобните партиски збирштини, каде промовираат сè нови и нови петпарешковци и платеници... Виртуелна вемереовска реалност. Но дали во тоа веруваме или глумиме лудило?
Прашајте го Села!!!

Александар Цветкоски, Плусинфо


Мафијашка багра пустоши низ државни институции, сега и најнаивните веројатно сфатија дека тие немаат ни вера ни нација, нивната држава не е Македонија, туку нивната држава се ПАРИТЕ, парите украдени од вас - граѓаните на Р. Македонија... На никој од нив ништо не им значи ни името, ни знамето, ни дали Макесдонија утре ќе постои или не - дури намерно ја туркаат во пеколниот оган на братоубиство! Тие се на браникот на Змијалковата разбојничка пештера. 

П.С.

И на крај, каков епилог! Македонија моментално не е држава, бидејќи сите институции се под строго змијалковско око, затоа никој од тие вандали не е уапсен, а јас имам 7 прекршочни и 3 кривични - за боја фрлена врз нивниот грд стиропор! 
Ние чесните, ние кои секој на свој начин, со години, се бориме против криминално-диктаторска чизма, за злосторничкото здружение сме граѓани од втор ред. Или ќе им бидеш роб - или си „државен непријател“ број 1!
Но, во моментов, јас не носам фантомка, никогаш во живот немам ставено фантомка на глава, но затоа оние кои се нарекуваат држава и нејзини бранители навлекоа фантомки и не планираат да ги извадат дур не ги завршат испланираните злосторства, кражби и БЕГСТВО!

Југослав Петровски

Најостра драконска казна мора да има за насилството вчера. За никогаш да не се повтори, фашисти и неписмени уличари да можат да влетуваат во највисокиот државен орган и да создаваат насилството врз легитимните избраници на граѓаните, со што го загрозуваат интегритетот на македонските институции, а со тоа на целата држава. Таквиот акт е велепредавнички кон државата и се казнува најостро. 
Казната мора да служи како опомена за целата иднина на оваа држава, како и да биде пример за другите земји.
Така што, казна за организаторите на фашистичките демонстрации - Богдан Илиевски и Борис Дамовски. Казна за насилниците кои во поголем дел сега се веќе и идентификувани. Казна за организаторите во позадина - Груевски, Чавков, Иванов. Казна за секој оној кој вчера се појавил на таквиот собир и кој бил присутен во Собранието - поради учество во толпа која ќе изврши кривично дело. 
Велепредавниците мора да се казнат и никогаш да не ни се повторат! Да живее слободна и демократска Република Македонија!

Љуми Бекири

Груевски, престани да спинуваш. Вчера беше легално избран претседател на собранието. Немаше „насилно преземање на власта“. Ако некој користи насилство и го манипулира народот - тоа си ти. 
Секоја капка крв оди на твоја сметка и во твоето кривично досие. Не велам на твоја совест. Евидентно, ја немаш.

Гордана Попсимонова

Да ви кажам нешто за „добрите напаѓачи“: во секоја „спонтана“ толпа има еден или двајца што застанува со грб кон нападнатите, ги шири рацете и као ги повикува луѓето да се смират. Тие се таму за да се осигураат дека нема да има брзо убиство и дека линчот ќе потрае. Надброени се од своите, па додека „апелираат“ некој тепач да се смири, друг доаѓа од позади и мава по жртвите, па нему му вика да се смири и така до крај...
Сме имале неколку такви толпи годиниве, секаде е исто. Имајте го ова предвид кога заборавате кои се и со што се бават Влатко Ѓорчев и Нино Тодоров.

Никола Наумоски

Уствари, Груевски вели дека Заев си ја скршил главата од лавабото во собраниското веце и дека Села настрадал во обид преку тоалетната чинија и канализационата цевка да избега од парламентот! 
Во таа смисла, јас го разбирам како оправдан и на место неговиот статус во кој тој го повикува народот да не наседнува на провокациите на сдс и на другите непријатели. Ако, да речеме, Талат дојде без глава во Собранието или слично, страстите веднаш да се смират така што и телото на новиот спикер ќе се однесе во магацинот за страсти на вмро-дпмне. 
Стока!

Бранко Тричковски

Сега ја слушам изјавата на грујо и ми се лоши!!!
Каков ДЕМАГОГ И ЛАЖГО!!!
НЕ САКАЛ СО НАСИЛСТВО ДА БИДЕ НА ВЛАСТ!
ПА КОЈ ГИ ПОВИКА ДА НЕ СЕДАТ ДОМА ВО ПАПУЧИ И ДА ИЗЛЕЗАТ НА УЛИЦА и ДЕКА НЕМА ДА ГАРАНТИРА БЕЗБЕБЕДНОСТ?!
Што мисли тој дека имаме амнезија?!

Елизабета Аврамовска

Молчев цело време, зашто бев под силни емоции и не знаев што паметно да кажам.
Сега, кога малку се смирив и потрезвено размислувам, би кажал неколку работи.
Прво, браво за храброста и одлучноста на парламентарното мнозинство денеска.
Второ, добро е што нема жртви. Повредите - само ќе ве направат посилни.
Трето, лидерска средба звучи како добра опција. Ама само ако Заев му носи чоколадо на Груевски во затвор (пошто, нели, многу сакаше да троши на чоколадо).

Бранимир Јовановиќ

Каков крај, Никола!

 

Избор на нова влада веднаш. Разрешување и веднаш потоа апсење на Зврлевски. Именување на Фатиме Фетаи за јавен обвинител на Македонија. Ова вака ко за почеток.

Замир А. Мехмети

Не верувам во чесни намери на бандити па да се и Влатко Ѓорчев и Никола Тодоров!

Владимир Вангелов

Дали на Игор Дурловски ќе му биде дозволено да води културни институции?! #ФантомотОдОперата“

Сашка Цветковска

Немам веќе зборови. Неколку часа мислев дека секој момент ги убиваат и плачев во неподнослива немоќ. 
Вмро мора да умре и колец да му се забие за никогаш повторно да не исползи. Да живее човечка Македонија!

Лина Симон

Среќа што живееме во ера на интернет. Сè си стои. Не е така лесно веќе еден ден да поддржуваш убијци и криминалци, а после некое време да ти го заборават тоа и да се правиш чесен демократ, да си певуцкаш во опера, да си држиш часови по право, да си пишуваш колумнички, итн.

Румена Бужаровска

Груевски вели никогаш не повикал на насилство. „Дигање на клоци“ беше повик на оро.

Петрит Сарачини

Не само насилството, туку и говорот на омраза, и пеењето на мразачки песни, е кривично дело! И за тоа треба да одговараат.

Жарко Трајаноски

За насилниците од синоќа се исполнети сите три услови за притвор:
1. Да го повторат делото
2. Да се дадат во бегство
3. Да влијаат на сведоците и постапката.
#ЗврлевскиенаПотег!

Ване Цветанов

ВМРО-ДПМНЕ води специјална војна против државата Македонија и сите нејзини граѓани!

Џелал Хоџиќ

Пријатели, крвавиот четврток беше неизбежен за ослободувањето на Македонија. Храбро до конечен пад на диктатурата!

Стево Пендаровски

Груевски бил против насилство. Знаеме, слушнавме во бомбите. Тој е докажан насилник, а наскоро и осуден. На 3 мај се гледаме на суд за тоа.

Андреј Жерновски

Говедата од каблите на камерите правеле јамки да ги бесат пратениците. За Македонија. Е па Македонија ќе ви суди, лудаци. Готови сте.

Сашо Тасевски

На повикот на Иванов за лидерска средба, очекувам да се пријават: Грујо, Бетмен и Едооки! Саде лидери, де!

Јадранка Костова

Грујо у Виена, Заев, Села, Дамјан - у крв, Радмила ја нападнале, у Собрание. Така се сака Македонија.

Биљана Секуловска

Лидерска средба кај Хорхе не смее да има! Режимот паѓа. Ваљда е ова правото време кога треба да кажеме: Каков крај, Никола!

Ирена Цветковиќ

Дали фамилијата се задоволи што ја турна Македонија во украинско сценарио (тепачки и крв во парламент) или следува сценариото на Милошевиќ?

Борис Камчев

Се јавуе тврдокорен на Груевски и му се уклучуе мејли: Претплатникот Ве пушти низ вода, оставете порака по звучниот сигнал од #казанче.

Владо Апостолов