Груевски е рудиментарен насилник

29.04.2017 14:02
Груевски е рудиментарен насилник

Тој манипулира и дели лекции како да не сте го разбрале. Притоа лаже без срам додека ве гледа право во очи и со одвратна, цинична насмевка ви кажува дека грешите. Разбирам дека тоа може да го збуни и да го парализира секое разумно човечко суштество. Но, она што тој никогаш нема да успее да го излажира, бидејќи е во суштината на неговата природа, е образецот/начинот на мислење на рудиментарен насилник, кој ужива во маките на својата жртва. Не може, зашто не умее да го препознае, за потоа и да го прикрие, како и сè друго. Неговата осуда на насилството се демантира со секој негов попатен коментар кој не може да го исконтролира. Сосема несвесен што кажува, тој ги бара и објаснува причините и одговорноста за масакрот во однесувањето на жртвата, во нејзината реторика и постапки, опишувајќи ги како погрешни, наместо кај насилникот; или кога остава простор за уште поголемо насилство од стореното, „ако се сакало“... Типично толкување на непоправлив насилник, кој и кога божем жали, всушност се заканува, за памет, за другпат. Вината и поводот секогаш се на страната на жртвата, никогаш кај насилникот. Таа (жртвата) да сакала, можела да го избегне насилството, ама била глува... не дека немало предупредувања. Така насилството станува „добронамерна“ опомена, во процесот на учење и дисциплинирање. Лекција која треба да се научи, за во иднина. Тоа е главната порака по повод крвавиот четврток, од (не)човекот што цела држава ја подреди на образецот на насилство.

Така ја водеше и сè уште е фактор цели 11 години, за да ја доведе, со сите нас заедно, на ова дереџе. Ужасен пример што сè се случува кога насилството нема да се запре одлучно и на време. И да, никогаш нема да прифатам дека сето ова сме го заслужиле, или самите сме си го направиле, зашто тоа би значело прифаќање на неговата логика. Тешко е справувањето со насилство од толкави размери, но верувам дека со претстојните реформи ќе се каже одлучно СТОП на насилството.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Александар Јосифовски

ОкоБоли главаВицФото