(Видео) Напаѓач во Собранието ѝ бакнува рака на Елизабета Канческа-Милевска

30.04.2017 12:54
(Видео) Напаѓач во Собранието ѝ бакнува рака на Елизабета Канческа-Милевска

На видеото се гледа како министерката и пратеничка Елизабета Канческа-Милевска се поздравуваше и прегрнуваше со напаѓачите во пленарната сала додека траеше нападот на пратеници и новинари во Собранието. 

 

Пратеникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Димовски објави ново видео од нападот во Собранието, на кое се гледа и министерката за култура и пратеничка Елизабета Канческа-Милевска како се поздравува и прегрнува со насилниците во пленарната сала, а еден од нив ѝ ја бакнува раката.

Министерката Канческа-Милевска се прегрнува со еден од напаѓачите во Собранието со фантомка на главата, се гледа на видеото што го објави пратеникот Димовски.

Многумина од демонстрантите, како и од организаторите на „За заедничка Македонија“, кои упаднаа во Собранието во четвртокот се културни работници, вработени или хонорарци во институции под надлежност на Министерството за култура. Актерите Владо Јовановски и Васил Зафирчев, управникот на МОБ Игор Дурловски и националниот уметник Елена Мисиркова се дел од нив.

Извор: sdk.mk