1022 hPa
66 %

8 °C
Скопје - Чет, 13.02.2025 16:59
Овој фото-албум го посветувам на мајка ми, татко ми, баба ми, стрико ми, вујна ми и сите други кои биле, се или ќе бидат болни од рак.
Фотографиите се направени во зградата на стариот Офицерски дом во Битола. Целта е да се подигне јавната свест за условите во кои живеат болните од карцином, но првенствено за енормното загадување во Битола и околината од Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“ кое е причина за многубројноста на болните од карцином.
Во Битола и околината има регистрирано над 4.000 луѓе кои боледуваат од карцином (самиот град има околу 60.000 жители), а главната причина за тоа е непоставувањето на филтри од страна на РЕК Битола, незаинтересираноста на централната и локалната власт за овие прашања и непостоењето на силно граѓанско општество кое ќе стави крај на сите овие прашања.
Ова мора да се сопре, јас го кревам гласот за оние кои не можат да станат и гласно да викаат за своите права и одземеното човечко достоинство. Повеќе не смееме да дозволиме да ни се случува еколошки геноцид заради хировите и каприците на поединци.
Идејата и концептот се на Никола Шиндре, фотографиите ги направи Александар Ковачевски, а асистент на проектот е Марија Најдовска.