Работилница на Паратисима за продукција на музички видео спот

04.05.2017 02:17
Работилница на Паратисима за продукција на музички видео спот

Фестивалот Паратисима Скопје 2017 отвори јавен конкурс за тридневна работилница/креативен курс за продукција на музички видео спот кој ќе се промовира на музичкиот фестивал Здраво Млади, 10 јуни, МКЦ.

Конкурсот е отворен за сите заинтересирани, со фокус на студентите од уметности и дизајн.

Работилницата/курсот ќе се одвива во неколку етапи:

1. Селекција на најдобрите портфолија и формирање на група од 8 до 10 учесници.
2. Избор на песна од локален артист или група.
3. Пишување на сценарио.
4. Пред-продукција.
5. Снимање.
6. Промоција на видео спотот на музичкиот фестивал Здраво Млади во МКЦ на 10 јуни.

Идејата е инволвирање на млади луѓе и нови таленти во процесот на создавање уметност од ваква форма. Работилницата има за цел преку концептуален приод и креативна работа да пренесе искуство и знаење, како и да ги соочи учесниците со сите сегменти на визуелната креација – пишување на сценарио, разработка и план на снимање, арт дирекција, камера и фотографија, сценографија, костим.

Работилницата ќе ја води Бојан Кртолица (Studio BAIKA) во соработка со Ѓорѓи Клинчаров, и ќе биде пилот-проект кој на еден нов начин на пренесување знаење, кој од следната година ќе го предава на школата за дизајн и инженерство – ELISAVA, од Барселона.

STUDIO BAIKA е дизајн студио базирано во Париз, основано од Бојан Кртолица, кој има дипломирано на „Elisava School of Design and Engineering“ во Барселона. Студиото е мулти-дисциплинарна креативна платформа која специјализира во развој на веб и мобилни апликации, видео продукција и дизајн на визуелни идентитети.

Студиото е посветено на креирање на нови комуникациски концепти, ги истражува новите медиуми и различните начини на израз. Целта е да создаде уникатни пораки и да развие силен визуелен јазик со визионерски концепти каде идејата на клиентот, сервисот или брендот се во првичен план.

Котизацијата за креативниот курс е 500 денари.

Целосната програма можете да је симнете овде

Линк за пријавување

Дополнително ве молиме да испратите ваше портфолио (од минимум 1 селектиран проект, краток опис на досегашната работа и образование) на следната Е-адреса: contact@paratissimaskopje.mk