1015 hPa
100 %
5 °C
Скопје - Саб, 07.12.2024 07:59
Прегратката на министерката-пратеничка Канческа со тепачот со црна фантомка е најновиот доказ дека министерствата за внатрешни работи и за култура се гнездата на заговорот на ВМРО-ДПМНЕ против Република Македонија. Таа прегратка е доказ за тоа дека операта со крваво финале „Фантоми во Парламентот“ е зготвена во овие две министерства и изведена од протагонисти, епизодисти и статисти. Авторот и диригент на партитурата е над овие министерства. Неговата кариера е вртоглава, од статист-боксер во еден од скопските театри, стигна до супер-интендант на театарот во кој меѓу кулисите и зад кулисите требаше да се одигра „Танцот на смртта“, типичен средновековен жанр. Но, статистот се претера во амбицијата, па претставата остана само „Пир на малограѓаните3. За волја на вистината, крвав пир, но остана само едночинка која, верувам, ќе остане без реприза и ќе биде запаметена како абортиран обид во Македонија да се воведе страховлада.
И, на крајот, се надевам дека идната влада (реформска, се надевам) нема да ја заборави оваа скапо платена лекција: Културата не е и не смее да биде на дванаесеттиот колосек. Културата не е нужно зло, таа мора да одигра битна улога во деконтаминацијата на македонската почва од отровите на национализмот и омразата кои десет години ги сееше режимот на Груевски и Ахмети во изведба на министерката која многу сака да се гушка со фантоми.
Идната влада мора веднаш да им наложи на Државниот завод за ревизија и на Управата за јавни приходи да истражат на што и како е трошен буџетот на Министерството за култура и дали скапо платените инспиратори на погромот платиле персонален данок. За другото, потоа.
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња