1020 hPa
93 %
2 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 02:59
се живее
на улица.
во дебар маало живот.
во кучкар маало војна.
бесни кучиња
растени на коски
мирисаат страв.
тие жедни за крв
јас желна за прошетка
под крошни натежнати
- слободна.
не се плашам.
мојот април
не е како твојот.
мојата пролет
мириса на
зачин, сласт
храброст и страст
- твојата на смрт.
не сум како тебе.
немам иста боја.
крвта не е боја.
бојата се брише.
Слика: Тамара Забазноска