Љубовните проблеми потешкo ги погодуваат мажите

09.07.2010 11:32
Љубовните проблеми потешкo ги погодуваат мажите

Проблемите во љубовната врска најсилно ги погодуваат мажите. Надворешно тие можеби ќе го задржат храбриот израз и почесто ќе одат во кафулиња или разговаар за фудбал, но внатре во нив се случува нешто сосем поинаку.

Едно ново истражување покажа дека, спротивно на врежаното мислење, мажите потешко ги поднесуваат проблемите во врската. Имено, романтичните подеми и падови имаат поголемо делување на менталното здравје врз младите мажи отколку врз младите жени.

И додека жените својата тага и грижа ќе ги споделат со пријателите, мажите се склони кон потиснување на чувствата и свртување кон лошите здравствени навики, меѓу кои и пиењето.

Професорката Робин Симонс од американскиот универзитет Wake Forest, водителка на истражувањето, признава дека и самата била зачудена од резултатите кои покажуваат дека жените не се поранливата страна во немирните љубовни води.

„За чудо, утврдивме дека квалитетот на љубовната врска многу повеќе влијае на мажите“, вели таа.

Тоа значи дека нивната психичка состојба е попогодена од штетните стресни настани во врската. Освен тоа, истражувањето покажа дека мажите чувствуваат и поголема емоционална корист од позитивните аспекти на љубовната врска. Ова е во спротивност со мислењето за бесчувствителните мажи кои стоички ги поднесуваат раскинувањата.

Професорката Симон овие резултати ги објаснува со фактот дека мажите имаат помалку блиски пријатели со кои ги делат своите интимни чувства – додека жените главно имаат посилна емотивна поддршка меѓу членовите на семејството или пријателите.

Дополнителен фактор е тоа што мажите и жените на различни начини ги изразуваат своите емоционални грижи. Жените се посклони кон депресивно размислување, додека мажите почесто се свртуваат кон употреба на алкохол или наркотици.

Но иако мажите се попогодени од квалитетот на моменталната врска, жените далеку повеќе страдаат поради тоа ако моментално не се во некоја љубовна врска.