Каде оди Европа?

08.05.2017 09:41
Каде оди Европа?

Во недела во Франција се одржува вториот круг од претседателските избори. Се очекува центристот Емануел Макрон да ја победи Марин Ле Пен, бела националистка - ве молам да престанеме да го воздигнуваме тоа определување нарекувајќи го „популизам“. Веројатно не ги кршам правилата на Њујорк Тајмс ако изразам надеж дека ова предвидување ќе се оствари. Победата на Марин Ле Пен навистина би била катастрофа за Европа и светот.

Тука сега се наметнуваат неколку прашања. Прво, како воопшто стигнавме до овде? И потоа, дали поразот на Марин Ле Пен сепак беше само привремен „одмор“ во тековната европска криза? Овде должам кратко објаснување: како и повеќето луѓе од оваа страна на Атлантикот, изборите во Франција ги гледам оптоварен со Трамп. Секако, паралелите помеѓу француските и американските политичари постојат, и покрај големите разлики помеѓу нивните основни економски и општествени трендови.

За почеток, иако Франција многу ја критикуваат, пред сè противниците на државата на благосостојба - нејзината економија е прилично успешна. Верувале или не, возрасните граѓани на Франција во најпродуктивните години (25-54) имаат значително поголема шанса да најдат добро платена работа отколку нивните американски врсници со слични квалификации. Толку се и продуквитни. До душа, францускиот БДП по глава на жител е за една четвртина помал од нашиот - но причината за тоа се пред сè подолгите годишни одмори и пораното одење во пензија.

Иако во Франција, како и во многу други земји, опадна бројот на работни места во индустријата, таа не доживеа „кинески шок“ на одлевање на работни места. Покрај тоа, француската економија скроена по човечка мерка пружа поголема општествена сигурност од најсмелите соништа на американските прогресивци: гарантирано и квалитетно здравство за сите, долго породилно отсуство, бесплатно предучилишно образование и уште многу нешта.

Франција исто така не доживеа општествен крах како белата Америка. Француското општество има свои проблеми, но кое нема? Меѓутоа, тука не е забележан пораст на „умирање од очај“ - то ест, зголемена смртност од дрога, алкохол и самоубиства - кои Ен Кејс и Ангус Дитон ги открија кај американската бела работничка класа.

Накратко, Франција не е утопија, но според повеќе мерила таа на своите граѓани им пружа пристоен живот. Зошто тогаш толку голем број од нив се спремни да гласаат - да го изговориме тоа повторно без еуфемизам - за една расистичка екстремистка? Постојат повеќе причини за тоа, а пред сè е културниот страв од муслиманските имигранти. Марин Ле Пен ќе добие и оправдано протестните гласови против недопирливите управувачи на Европската Унија. Европските институции со должничката криза, која почна во Грција и се прошири во Европа, навистина се занимаваа со запрепастувачка рамнодушност и ароганција.

Брисел и Берлин постојано грешеа со наметнување на сè попогубната политика на штедење, преправајќи се дека ги знаат сите одговори. Очигледните страдања кои ги предизвикуваа ги третираа како некој вид заслужена казна за старите гревови. Политички гледано, еврократите просто се истураа на малите нации, на немоќните да се спротивстават на неразумните барања, во страв дека ќе им биде ускратено финансирањето. Но еворпската елита страшно греши кога на ист начин се однесува кон големите играчи каква што е Велика Британја.

Би било прекрасно биртанските граѓани да не го изгласаа Брегзит, кој ќе ја ослабне Европа и ќе ја осиромаши Британија. Но функционерите на ЕУ веќе звучат како напуштен сопружик решен да исцеди максимална алиментација во разводот. А тоа е луд план. Европа ќе мора да живее со независна Британија и силеџиското однесување какво што го покажуваше со Грција нема да функционира со оваа голема, богата и горда нација.

Што нè враќа на француските избори. Ме ужаснува можноста за победа на Марин Ле Пен, но речиси подеднакво се плашам од тоа дека Брисел и Берлин ќе ја сфатат победата на Макрон како знак дека Брегзит бил обична аномалија и дека европските гласачи со застрашување можете да ги натерате да прифатат сè што нивните елити сервираат како нужен избор.

Дури и ако во недела во Франција се избегне најлошото, европските елити со тоа добиваат само орочена шанса да го поправат своето однесување.

The New York Times, 05.05.2017.