
Првиот дел од симпозиумот насловен „Функција и дизајн на социјалните простори“ ќе се одржува во периодот од 10 – 21 мај, 2017 во Скопје.
Програмата на шестото по ред издание на симпозиумот ни ги претставува Лудвиг Китингер (Ludwig Kittinger), Ана де Алмеида (Ana de Almeida) и Фелим МекКонигли (Phelim McConigly) уметници и основачи на уметничкиот колектив <dienstag abend> од Виена, Aвстрија; Мауро Гил-Фурние (Mauro Gil-Fournier), архитект и коосновач на архитектонското студио SIC | VIC, од Мадрид, Шпанија; Себастијан Цихочки (Sebastian Cichocki) водечки куратор на Музејот на модерна уметност во Варшава, Полска; како и младите уметници Клелија Живковиќ, социјален дизајнер од Скопје, Македонија и Доротеј Нешовски, мултидисциплинарен уметник од Скопје.
Поканетите гости ќе приложат различни дискурзивни презентации и проекти кои ги преиспитуваат различните идеи за поврзаноста помеѓу уметноста, архитектурата и теоријата; улогата и позицијата на авторот како критички поттикнувач и едукатор во процесите на создавање на одредена содржина; различните перцепции за социо-политичката функција на јавниот простор и идејата за заедништво; прашања за кураторски стратегии и тактики кои развиваат форми на непредвидливa креативност во однос на просторот во кој постои потенцијал за манипулирање со односите на моќ, политиката и популарната култура во градот.
ПРОГРАМА:
10 мај (среда)
20:00 – 22:00 / Социјален центар „Дуња“
Средба со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим МекКонигли (уметнички колектив <dienstag abend>) и презентации на Клелија Живковиќ - „Мали победи“ и Доротеј Нешовски - „Фикции и простории во кои живеам“
11 мај (четврток)
12:00 – 16:00 Социјален центар „Дуња“
Прва работна сесија со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли: dienstag abend бр. 86
12 мај (петок)
12:00 – 16:00 Социјален центар „Дуња“
Втора работна сесија со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли: dienstag abend бр. 86
19:00 – 21:00 ГЕМ Клуб, Скопје
Јавно предавање на Мауро Гил-Фурние: „Меурчиња, пена и мориња“
13 мај (сабота)
12:00 – 16:00 Социјален центар „Дуња“
Трета работна сесија со Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим Меконигли: dienstag abend бр. 86
20:00 – 22:00 Социјален центар „Дуња“
Јавно предавање на Лудвиг Китингер, Ана де Алмеида и Фелим МекКонигли (уметнички колектив <dienstag abend>): „Просторни тенденции во (ко)оперативни практики - за начините на де-регулација, индивидуалните капацитети и нивната иднина“
20 мај (сабота)
19:00 – 22:00 Музеј на современа уметност
Јавно предавање на Себастијан Цихочки: „Ова е уметност и уметноста е многу нешта“
Деталната програма можете да ја преземете на линкот подолу.
Прилог | Големина |
---|---|
6-ти Интернационален симпозиум КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ.pdf | 342.35 KB |