Перформанси на Рајан Галер и Ребека Ларкин во Македонија

10.05.2017 01:31
Перформанси на Рајан Галер и Ребека Ларкин во Македонија

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ ќе биде домаќин на неколку перформативни сценски настапи на Рајан Галер (САД) и Ребека Ларкин (Велика Британија) во Македонија - Скопје, Струмица и Гевгелија.

Планираните поетско-сценски перформанси се закажани да се реализираат на:

-10 мај 2017 година (среда) во 20:00 часот во кафе-книжарница Магор – Скопје,
-11 мај 2017 година (четврток) во 20:00 часот во Сцена 112 – Струмица и
-13 мај 2017 година (сабота) во 20:00 часот во Галерија „Амам“ – Гевгелија.

Во досегашните проектни активности здружението „Контекст – Струмица“ реализирало многубројни настани и гостувања на автори од Македонија и светот. Забележително е да се нагласат гостувањата на Мајкл Ротенберг и Тери Керион (USA), Лесја Мудрак (Украина), Дениса Дуран (Романија), Јоханес Беилхарц (Германија), Мохамад Фарахат и Мухамед Магди (Египет), Јан Мок (Хонконг), како и на македонските книжевни автори Давор Стојановски, Ана Голејшка, Ѓоко Здравески, Искра Донева, Борче Панов, Иванка Апостоловa, Бобан Богатиновски, Марта Маркоска, Тихомир Јанчовски, Славица Гаџова, Јосип Коцев и др.

Рајан Галер (Ryan Galer) е писател, сценски, концептуален/сатиричен перформанс артист и филмски режисер, мултидисциплинарен уметник којшто работи во областа на концептуалниот перформанс, уличната перформативна интерактивна анимација и сѐ што е поврзано со овие форми на уметност. Роден е 1989 година, во малиот град Нова Англија, САД.

Рајан Галер има дипломирано на Универзитетот Браун, 2012 година, на Род Ајленд школата за дизајн, комплетирајќи тези поврзани со сценско-продукциски развој на филм. Потоа се преселува во Париз, Франција, каде се посветува на неговите перформативни настапи кои ги има одржано на многу познати јавни плоштади, паркови, метро станици и приватни резиденции. Неговата прва изложба, исто така дел од експериментален театар, ја има одржано во неговата спална соба во почетокот на декември 2016 година.

Ребека Ларкин (Rebecca Larkin) студирала книжевност и историја на уметност во Англија и Франција, а во моментов живее во Париз веќе неколку години. Таа е поет, љубител на куклен театар и жесток инвентивен перформативен уметник. Ребека исто така сака да си игра со конструкциите на зборовите.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото