(Видео) По 42 години, легендарниот коментатор Златко Калински замина во пензија

11.05.2017 00:32
По 42 години, легендарниот коментатор Златко Калински замина во пензија

Легендата на македонското спортско новинарство Златко Калински вечерва го одработи последниот телевизиски пренос пред да замине во заслужена пензија. Натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид е последен пат како македонскиот аудиториум го слуша гласот на Калински низ преносите на националната телевизија. Еве ги неговите последни зборови пред пензијата од спортското новинарство:

Калински 42 години беше омилен меѓу гледачите, спортистите, колегите, а неговиот стил на коментирање плени и одушевува. Посебно впечатливи се неговите преноси од атлетските натпревари, но со подеднаква страст ги водеше и фудбалските и ракометните натпревари.

Извор: www.gol.mk