Настап на Артан Лили во Јавен алтернативен простор БЛА БЛА

11.05.2017 11:03
Настап на Артан Лили во Јавен алтернативен простор БЛА БЛА

Српскиот бенд Артан Лили ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Скопје во петок на 12 мај во Јавниот алтернативен Простор БЛА БЛА клуб на градската плажа во Парк, со почеток од 21 часот. Влезниците чинат 200 денари, а посетителите ќе имаат можност да слушнат премиерно неколку нови песни од новиот албум кој групата ќе го издаде оваа година.

Бендот Артан Лили се формира во 2013 во Белград со цел да остави траг со својата препознатлива нојз-поп леснотија. Создаваат силен визуелен идентитет (преознатливо лого и многу видео спотови) кое ги одвојува од многуте бендови во регионот. Романа Слачала-вокал и дајре, Бојан Слачала-бас и вокал, Марко Ајковиќ-тапани и Иван Скопуловиќ-гитара важат како еден од најдобрите групи во живо во регионот.

Нивниот единствен албум наиде на одличен прием кај публиката и критиката, а податокот дека од овој албум излегоа 6 синглови зборува за незаситноста на публиката од музиката на Артан Лили. Некои од овие песни се искачија на врвот на речиси сите релевантни радиски и ТВ топ листи низ Балканот, а нивниот деби сингл „Ako stanemo tu“ веднаш се искачи на првото место на легендарната емисија ДИСКОМЕР на Студио Б, нешто што пред тоа им успеало само на Бијело Дугме и Екатерина Велика!!!

Она што групата секогаш го истакнува како многу битно за својата активност е ентузијастичкиот пристап на најблиските соработници и пријатели: „Без таква екипа ништо не би било можно за нас и на сите нив од сесрце им се заблагодаруваме”- велат членовите на Артан Лили.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото