Собирачот на олд-тајмери

11.05.17 14:55

Дионис Пашлаков е професор по биологија во пензија, кој веќе 25 години создава своја колекција на олд-тајмери. Тој го познава секој дел од неговите автомоби, како да е тоа човечката анатомија. За него, тоа се „миленици“, кои ги вдомил пред да бидат фрлени во отпад. Досега успеал да собере над 100 автомобили, моторцикли, едрилица, како и булдожер, кој дошол на местото на несудениот тенк.

Неговата љубов кон олдтајмерите беше инспирација за филмот „Avec l’amour“, во режија на Илија Цветковски, кој всушност е по потекло од Неготино. Филмот ја имаше својата светска премиера минатата недела во Канада, додека македонската премиера ќе се случи во август, за време на фестивалот за документарни филмови „Македокс“ во Скопје.

Радио МОФ го посети скромниот, но прекрасен музеј на Дионис. Во продолжение погледнете го нашиот разговор што го направивиме со него за време на посетата.

Извор: Радио МОФ

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото