Малата доза канабис секој ден го чува мозокот од стареење?

12.05.2017 03:19
Малата доза канабис секој ден го чува мозокот од стареење?

Во некои култури постоела традиција старешините на племињата да пушат марихуана за да дојдат до поголемо племенско знаење. Се чини дека имале право, ако судиме според резултатите од новото истражување во кое се наведува дека активната состојка на канабисот, THC, може да влијае на забавување на стареењето на мозокот и подобрување на можностите за учење и памтење.

„Го повторивме експериментот неколку пати“, вели предводникот на тимот Андреас Цимер од Универзитетот во Бон. „Имаше многу големо влијание.“

Тимот на Цимер го проучувал ендоканабиодниот систем кај цицачите кој помага нашето тело балансирано да одговара на стресот. THC ги имитира молекулите од овој систем и нè смирува.

Истражувачите утврдиле дека глувците со генетска мутација која го спречува овој систем да работи исправно стареат побрзо во однос на нормалното стареење на глувците, и прават да пропаѓа когнитивниот систем. Цимер поради тоа се запрашал дали стимулацијата на ендоканабиодниот систем кај постарите глувци би имала спротивен ефект.

За да го откријат тоа, стручњаците тестирале двомесечен глушец, и глувци постари од 12 и 18 месеци, на кои им давале редовна доза THC. Количината која ја добивале била премала за да предизвика психоактивни ефекти.

По еден месец, тимот ја тестирал можноста на глувците да извршат когнитивни задачи, како пронаоѓање пат за излез од лавиринт или препознавање индивидуи. Во контролирани групи на глувци кои примиле THC, младите глувци се однесувале подобро од старите, но исто така 12-месечниот глушец кој примил THC имал слично однесување како младиот.

Во иднина истражувањата ќе се занимаваат со додавање на THC и врската со мозочните ќелии во хипокампусот кој е поврзан со памтењето.

Бидејќи се покажало дека THC навистина предизвикува спротивен ефект, истражувачите донеле заклучок дека е спорно како секојдневното конзумирање марихуана влијае на когнитивната способност на човекот, иако некои истражувања покажуваат дека младите послабо учат и памтат под влијаиние на THC.

Студиите на животни покажале дека канабиноидите можат да имаат позитивно влијание на мозокот, а востановено е и дека THC ги штити луѓето кои конзумираат алкохол од оштетувања на мозокот.

Тимот на Цимер планира да спроведе истражување и на луѓе, но за сега сметат дека е важно да се дозира количината на THC која ја внесувате во организмот.

Извор: New Scientist