Да ти ја избришам устата

13.05.2017 16:57

1976. година,
во пекарница
на новосадскиот Плоштад на слободата,
изедов бурек со сирење.
Од девојката на каса
побарав вода.
Ја одврте чешмата
и ми наточи
полна чаша.

Жедно испив
и замолив салвета.
Таа ми се заѕвери во очи,
ги набра веѓите
и подлутено рече:

- И што уште би сакал?
Да ти ја избришам устата
и да те одведам дома?

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото