Анти – кризните мерки на ССМ

12.07.2010 10:48
Анти – кризните мерки на  ССМ

Како што е веќе познато, Сојузот на Синдикатите навлегува во нови води и се обидува себе си да се вметне како некој актер кој којзнае колку може да ја подобри ситуацијата на полето на економскиот развој, невработеноста и социјалниот дијалог и колективното преговарање.

Како што е веќе познато, Сојузот на Синдикатите навлегува во нови води и се обидува себе си да се вметне како некој актер кој којзнае колку може да ја подобри ситуацијата на полето на економскиот развој, невработеноста и социјалниот дијалог и колективното преговарање (токму како што самите наведуваат во текстот од 5.7.2010 година објавен на нивниот сајт).

Значи нивните антикризни мерки се во тие три насоки и ништо нема да биде спорно освен тоа што истите на прв поглед делуваат несериозно, плитко, неразработено, препишано како од некоја партиска програма, декларативно, и што е најтрагично, работниците (т.е оние кои синдикатот ги застапува, т.е оние чии права ги „штити“) се некаде – никаде во нивните мерки.
 
Ќе анализирам само неколку од нив (останатите можете да ги погледнете на нивниот сајт).
 
Значи, првиот пакет се однесува на економскиот развој па така следува:
 
„Преземање дополнителни мерки за подобрување на инвестиционата клима во државата, за привлекување на странски и домашни инвеститори, за отварање нови работни места, со што ќе се ублажи проблемот   со невработеноста;
 
Не би можело ништо да им се забележи на овие убави желби вака „стросани“ во една сложена реченица. Меѓутоа, ова се фрази кои ги слушаме којзнае колку години од сите страни, а најмногу од партиите (и оние на власт и оние од опозицијата). Доколку ССМ сериозно се зафаќа со вакви мерки и настапува веќе како политичко – партиски субјект очекувам да видам развиени стратегии, конкретни предлози и како тоа ССМ како предлагач на овие мерки со своите капацитети ќе може истите да ги спроведе или барем да помогне во нивната реализација. Многу е лесно да и кажеме на Владата кои се нашите желби за подобро утре и да чекаме таа тоа утре да го направи да дојде веднаш.
 
Тоа што ССМ само предлага не значи дека тој си ја врши својата работа.
 
Одиме понатаму:
 
„Навремено враќање на средствата на претпријатијата по основ на ДД, но и навремено исполнување на обврските на сите субјекти кон државата;
Отвореност на банкарскиот сектор и олеснување на пристапот до евтини банкарски кредити за претпријатијата, со кои ќе се овозможи продолжување и зголемување на производството за  одржување на нивната ликвидност;
Репрограмирање на достасаните обврски на претпријатијата, како и обезбедување помали камати на инвестициските кредити;
 
Теми кои се се поактуелни во последно време во јавноста но како барање очекувано е тоа да дојде од бизнис секторот, преку Стопанската Комора. Многу е попаметно ССМ да мисли на правата и положбата на работниците во нашата економија отколку да изигрува адвокат на бизнис заедницата. И токму во овој контекст доаѓаат две тотално апсурдни мерки, прво:
 
„Намалување на работното време од 40 часа на 32 или 36 работни часа, остатокот да е субвенциониран од државата проследен со програма за едукација, односно прекфалификација;
 
Идејата е претпријатијата да ги плаќаат евентуалните 32 или 36 часа а останатите (до 40) да ги плаќа државата како начин на субвенционирање. Сето тоа нема да е толку парадоксално доколу во овој пакет мерки не го предложеа следното:
 
„Стратегии за буџетска консолидација кои осигуруваат раст, главно финансиран врз намалување на трошоците;
 
 
Значи прво се бараат дополнителни средства од буџетот а потоа раст кој се темели на намалување на буџетските трошоци. Колку е ова логично останува сами да си оцениме. И она што е најинтересно е тоа дека ССМ бара државата да си донесе вакви стратегии, доколку јас грешам нивното соопштение не греши.
 
Би сакал од поблиску да и погледнеме на оваа мерка. Доколку едно претпријатие на работникот „X“ му дава плата „Y“ за одработени 40 часа во неделата, според оваа мерка тоа од утре ќе му плаќа „Y-1“ а останатото ќе го доплати државата како субвенција. Во една ваква ситуација мораме да ги погледнеме трите засегнати страни: претпријатието, државата и работникот.
 
Претпријатието добива помош со тоа што ќе исплати помалку пари на име плати, а со тоа ќе си ги намали основните трошоци за работење, државата ќе добие поголема финансиска одговорност со тоа што одреден период ќе треба да ја надополни разликата а работникот нема да добие ништо. Тој повторно ќе работи исто, имајќи ги предвид околностите во кои живееме и во кои егзистира оваа економија, и ќе ја зема истата плата или пак таа ќе биде намалена. Значи, да сумираме, претпријатијата ќе бидат изложени на помали трошоци, државата на дополнителни а работниците нема да доживеат никаква промена од мерката која ја предлага субјектот кој треба да ги штити нивните права.
 
На сајтот на ССМ исто така се наоѓа еден текст со наслов „Намаленото работно време ги спасува работните места“, а во него се нуди објаснување на оваа мерка и како тоа функционирало во некои европски земји бла, бла, бла. Ние не сме европска земја, односно не сме членка на ЕУ и не можеме да се надеваме дека една вака лабилно прикажана мерка ќе ја постигне својата цел. Речиси потполно знаеме каква е положбата на работниците на нашето стопанство, колку малку права имаат тие, колку малку од нив се легално пријавени како вработени, колку од нив имаат некаков глас во претпријатијата (а уште помалку во синдикатите), колку од нив се задоволни од нивната положба и во претпријатијата и во синдикатите и колку од нив можат навистина да постигнат нешто доколку се организирани во синдикат. Синдикатот со вакви мерки ги уништува работниците затоа што тој предлага мерки како да е гласноговорник на бизнис заедницата а не на работниците.
 
Следна мерка:
 
„Изработка на социјален план за работниците што останале и што ќе останат без работа поради светската финансиска криза со кој државата и работодавачите  ќе обезбедат одредени помошти во рамките на реалните можности;
 
Теоретски ми се допаѓа, навистина. Но, по вака предложените мерки (имајќи ја предвид оваа за работното време) државата ќе биде изложена на нов издаток од буџетот за доплата на останатите работни часови на работниците. Тогаш, како можеме да очекуваме ваква Влада да „обезбеди одредени помошти во реалните можности“. Паралелно со ова, го имаме случајот со стечајците (кои барем се на улица и си ги бараат своите права) кои бараат паричен надоместок од 5000 денари до пензија а од другата страна имаме власт која ја полни државната администрација со нови вработувања за кои сеуште нема обезбедено и одредено конкретни работни позиции а на веќе примените (со решение) им исплаќа поголем процент од платата за да седат дома. Во една ваква ситуација е бесмислено синдикатот (кој и да е) да поставува вакви барања и навистина да очекува дека истите ќе бидат прифатени. Една од можните алтернативи е консолидација на членството и правец – улици!!!
 
Само колку за потсетување, од личната карта на ССМ:
 
Основните цели на ССМ се: заштита на правата на РАБОТНИЦИТЕ, социјална правда, материјална сигурност, здравствена заштита, пензиско и инвалидско осигурување, правна заштита, солидна станбена политика, преквалификација и доусовршување на РАБОТНИЦИТЕ.
 
Дали си ги забораваат основните цели?
 
 
Илустрации: Дмитриј Лигај

Би било добро во текстот да

Би било добро во текстот да се додаде и линкот до сајтот/веб-страницата што експлицитно се препорачува да се посети.

ОкоБоли главаВицФото