Шестата парада на гордоста во Тирана одржана без протести или насилство против ЛГБТ заедницата

16.05.2017 11:26
Шестата парада на гордоста во Тирана одржана без протести или насилство против ЛГБТ заедницата

Граѓанските организации за ЛГБТ права во Албанија ја одржаа годишната парада на гордоста без инциденти, додека во меѓувреме опозицијата во земјата се подготвуваше за протест во Тирана, што не беше поврзан со овој настан.

Голем број велосипедисти со шарени балони и знамиња во саботата ја извозеа патеката долга 1,6 километри, минувајќи покрај шаторите кои припадниците на опозицијата ги поставија пред канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша претходно ги увери учесниците на геј парадата дека нема да има инциденти, ниту закани во текот на нивното возење, кое почна два часа пред протестот на опозицијата.

Парадата беше придружувана од голем број припадници на полицијата.

На настанот присуствуваа и активисти од Македонија, Косово и Србија.

Учесниците на парадата на гордоста ја повикаа владата да преземе чекори кон легализација на истополовиот брак и признавање на трансродовите луѓе.

За потсетување, Албанија во 2009 година усвои закон против диксриминација.

Извор: http://www.queer.mk