1023 hPa
93 %
5 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 07:59
Декриминализацијата и деконтаминацијата бездруго се два приоритета за идната влада. Декриминализацијата на МВР и обвинителствата е приоритет кој бара итност и бескомпромисност. Не помалку важна е декриминализацијата на судовите, но таа ќе бара повеќе време. Што не значи дека треба да се оддолжува нејзиниот почеток.
Деконтаминацијата во културата и образованието треба да започне со кадровското екипирање на надлежните министерства кои ќе треба да формираат експертски тимови заради идентификување на извориштата на национализмот и омразата.
Срамната улога што ја одигра јавниот радиодифузен сервис во фалсификувањето на нашето минато и сегашност исто така треба да биде ставена под лупа.
Кога станува збор за минатото и меморијата за него, божем документаристичката продукција, не само онаа на МТВ туку и на т.н. независни продукции, претставува македонски Чернобил кој зрачи загадување на свеста. Таа продукција отиде подалеку од идеологизација, отиде во партизација на минатото и сегашноста. И, доколку немаме одговор, кој поаѓајќи од фактите, ќе ги демантира и демаскира скапо платените фалсификати и фалсификатори, тој Чернобил ќе ја загрози и иднината на Македонија.
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: ШкАрт