1021 hPa
42 %
26 °C
Скопје - Вто, 08.09.2026 10:59
Слушаме: веќе не сакаш да работиш со нас.
Премногу си уморен. Веќе не можеш да трчаш.
Смртно си истоштен.
Не може од тебе да се бара уште нешто да направиш.
Па знај:
Ние тоа го бараме.
Ако си мирен и спиеш
Никој веќе нема да те разбуди и каже:
Станувај, тука е јадењето.
Зошто јадењето да биде тука?
Ако не можеш да трчаш,
Ќе лежиш. Никој
Нема да те побара и да каже:
Извршена е револуција. Фабриките
Чекаат на тебе.
Зошто да се изврши револуција?
Ако си мртов, ќе те покопаат,
Бил ти крив или не бил за својата смрт.
Велиш:
Предолго си се борел. Не можеш веќе да се бориш.
Па чуј:
Бил ти крив или не бил:
Ако не можеш веќе да се бориш, ќе пропаднеш.
2.
Велиш: предолго си се надевал. Не можеш веќе да се надеваш.
Чуму си се надевал?
Дека борбата ќе биде лесна?
Не е така.
Нашата положба е полоша од што си мислел.
Ваква е:
Ако не направиме надчовечки напор,
Изгубени сме
Ако не сме кадарни да го направиме она што никој не може од нас да го бара.
Ќе пропаднеме.
Нашите непријатели токму и чекаат
да се измориме.
Кога борбата е најогорчена,
Борците се најуморни.
Борците кои ќе бидат премногу уморни – ја губат битката.
Превод: П. В.