Заев доби мандат: Ниту една платформа нема да биде услов да дејствување на Владата

17.05.2017 12:31
Заев доби мандат: Ниту една платформа нема да биде услов да дејствување на Владата

Претседателот Ѓорге Иванов точно напладне му го врачи мандатот за состав на нова Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, истакнувајќи дека му го дава мандатот на Заев кој обезбедил парламентарно мнозинство.

- Пречките за состав на Владата се отстранети. Денеска пристапуваме кон исполнување на член од Уставот за определување на мандатар за состав на Владата - рече во краткото обраќање претседателот Иванов.

Заев рече дека како што ветил и пред граѓаните, а и пред Иванов, испорачал писмо во форма на гаранција, кое е доставено до Кабинетот на претседателот. И тој потенцираше дека двете пречки за добивање на мандатот, се отстранети.

- Прво, гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независоноста и мултиетничноста на Република Македноја. Гарантирам територијална целина на земјавата, уставниот поредок на државата, како и зачувување на државните интереси. Гарантираме дека процесот на носење на одлуки за граѓаните ќе биде во согласност со владеење на право, не доведувајќи ја во потчинетост Македонија од страна на друга држава. Ниту еден документ, декларација, платформа, акте, кој ќе биде во спротивност на горенаведените ставови, нема да бидат услов и основа за дејствување на владата на Македонија - рече Заев, добивајќи го мандатот.

Извор: Плусинфо