Прав(д)а за сите

17.05.17 12:43

Меѓународниот ден на борба против хомофобијата и трансфобијата се одбележува денес во повеќе од 120 земји во светот. Установен е со цел да се зголеми свеста на оние кои носат одлуки, јавноста и медиумите за потребата од спречување на насилството и дискриминацијата на ЛГБТ лицата.

По тој повод, претставуваме неколку видеа од кампањата „Прав(д)а за сите“, дел од Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со партнерските организации Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“.

Кампањата има за цел да ги рефлектира состојбите со нарушувањата на правата на ЛГБТИ луѓето во македонското општество, но од друга страна да ги рефлектира и можностите за борба и еманципација.