Победа

17.05.2017 14:16
Победа

Мандатот е политичко-технички момент кој во чудовишно деформираната правна и демократска процедура ги намалува шансите за разни интерпретации и политички злоупотреби на темата за легитимноста на новата власт. Второ, и со тие и со другите можни и реални резерви, со сите можни релативизации, мандатот е голема победа на антифашистичките сили на Македонија и по таа линија луѓето имаат право да си ја прослават победата. Трето, комплетирана е документацијата за големиот проект за обнова на Македонија по катастрофата што ја предизвика ураганот вмровка.

Тоа е, драги мои. Ќе биде многу лошо ако овие димензии на големиот настан нè фрлат во омилениот спорт на заборавот и патетичниот морализам, особено на православниот прошталнички идиотизам па во името на победата и обновата да заборавиме дека Хорхе е тежок злосторнички идиот и дека Груевски е психопатолошки шеф на најмонструозното злосторничко здружување во мирновременска Европа. Само строгост, правда и правичност, без милост.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби