„Прво па женско“ - петто издание на фестивалот за феминистичка култура и акција

18.05.2017 10:20
„Прво па женско“ - петто издание на фестивалот за феминистичка култура и акција

Од 18 до 21 мај 2017 во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи петтото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Програмата на јубилејното издание ги враќа некои од незаборавните учеснички и учесници од претходните години, на кои им се придружуваат нови возбудливи пријател(к)и на фестивалот. Придружете ни се во промислувањето и славењето на женските права и слободи.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат проекции на кратки филмови, театарски претстави, панел дискусии, предавања, концерти, диџеј сетови, работилници, изложби, базар...

Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО е поддржан од Европската Унија и од FRIDA Young Feminist Fund.

Деталната програма на фестивалот можете да ја преземете на линкот подолу.

ПрилогГолемина
Преземи392.55 KB