Мундијалот низ бројки

12.07.2010 11:55
Мундијалот низ бројки

Најголемите победи, најмногу погодоци, најмногу титули... и многу други интересни податоци за сите досега одиграни Светски првенства во фудбал.

Со спуштањето на завесата на јужноафриканското СП во фудбал, почнуваат и многубројните анализи на она што го видовме изминатиов месец. Педантните статистичари се презадоволни и со купишта хартии пред себе извлекуваат разни интересни бројки.

Последново СП во Јужна Африка погледнато низ бројките:

Број на голови – 145;

Број на досудени пенали – 15;

Број на реализирани пенали – 9;

Број на хет-трикови – 1 (Аргентинецот Гонзало Хигуаин);

Најмногу голови и асистенции – 8 (Томас Мулер);

Најефикасен тим – Германија (16 гола);

Најнеефикасни тимови – Хондурас и Алжир (0 голови);

Најмногу голови примиле – Северна Кореја (12);

Најмногу натпревари без примен гол – Шпанија (4);

Првиот гол го даде – Јужноафриканецот Siphiwe Tshabalala (Јужна Африка – Мексико, 1:1);

Број на автоголови – 2;

Најстар стрелец – Мексиканецот Cuauhtémoc Blanco (37 години и 151 ден);

Најмлад стрелец – Томас Мулер (20 години и 273 дена);

Број на жолти картони – 261;

Број на црвени картони – 17;

Најмногу жолти картони – Холандија (22).

А сега следи еден мал квиз од историјата на фудбалот:

Кои играчи во иста година ја освоиле Лигата на шампионите и СП?

- Досега тоа им успеало само на Роберто Карлос и Кристијан Карембеу. Обајцата го остварија тоа играјќи за Реал Мадрид, со тоа што Карембеу беше првак со Франција во 1998 г., а Карлос со Бразил четири години подоцна.

Кои голмани се рекордери по бројот на натпревари без примен гол на СП?

- На Мундијалите најмногу се досадувале Петер Шилтон и Фабиен Бартез. И англискиот и францускиот голман дури десетпати на натпреварите на СП ги зачувале празни мрежите.

Чии момци досега биле најрасположени за погодоци на некое Светско првенство?

- Рекордот што го држи Унгарија тешко се урива. Во 1954 г. унгарскиот тим постигна дури 27 гола, а најтешко поминаа Јужна Кореја (која изгуби со 9:0) и Западна Германија (8-3). Легендарниот фудбалер Sándor Kocsis тогаш постигна 11 погодоци, но тоа сепак не претставува рекорд. Четири години подоцна го постави Just Fontaine, во Шведска, кој за францускиот тим дури 13 пати се запиша меѓу стрелците.

Кој клуб беше најзастапен на СП во Јужна Африка?

- Барселона, со дури 13 играчи. Тоа се: Márquez, Abidal, Henry, Messi, Alves, Piqué, Puyol, Iniesta, Xavi, Valdés, Busquets, Pedro и Touré (но тој во меѓувреме премина во City, а стигна Villa од Валенсија).

Кој клуб им понуди најмногу играчи на репрезентациите?

- Интер и Волфсбург беа застапени во дури осум селекции, а ги следат Ливерпул и Арсенал со по седум.

Дали некој тим по поразот во групата успеал да дојде до титулата светски првак?

- Шпанците не се првите. Веќе споменавме дека Унгарија во 1954 ја демолираше Западна Германија со 8:3, но во финалето стигна реваншот. Дваесет години подоцна З. Германија е поразена во групата од своите источни браќа, па сепак стигна до трофејот. Со ваков подвиг може да се пофали и Аргентина, која во 1978 г. се најде на фудбалскиот врв наспроти поразот од Италија.

Дали некој странски селектор на СП морал да игра против својата матична земја?

- Најсвеж случај беше Милован Рајевац, кој со Гана играше против Србија. Пред него, Ериксон, водејќи ги Англичаните, во 2006 г. се соочи со Шведска, а во 1990 селекторот на Камерун, Валериј Непомнијачи, играше против СССР. Најран пример е југословенскиот тренер Благоја Видиниќ кој во 1974 г. беше претставник на Заир и настапи против своите. Изгуби со 0:9.

Дали некој странски селектор некогаш ја одвел репрезентацијата до титулата светски првак?

- Тоа досега не се случило. Англичанецот Џорџ Рејнор ја водеше Шведска во 1958 до финалето, а дотаму стигна и Австриецот Ернст Хапел кој ја водеше селекцијата на Холандија во 1978 г.

Данскиот фудбалер Мортен Олсен одигра повеќе од 100 натпревари за Данска, а оваа магична бројка ја премина и водејќи ја истата репрезентација. Дали тоа му успеало на уште некој?

- Досега не. Најблиску беше Франц Бекенбауер, кој како играч настапил 103 пати за Западна Германија, но како селектор на истата репрезентација се најде „само“ 66 пати.

Најголемиот пораз кој досега го претрпела земјата-домаќин на некое СП бил...?

- Освен дебаклот на Јужна Африка против Уругвај (0:3), уште двапати домаќинот бил поразен со истата гол разлика. Италија во 1970 го нокаутирала Мексико со 4:1, а Бразил во 1958 ја декласираше Шведска со 5:2.