Враќање на старите имиња на улиците

19.05.2017 13:13
Враќање на старите имиња на улиците

Пред да почнат со кандидати за локалните избори, јас да си почнам со желботеката и тоа со желби кои можат веднаш, ама веднаш да се исполнат.

Ќе гласам за оној кандидат за градоначалник на Скопје и кандидати за советници кои експресно ќе ги променат, односно ќе ги вратат старите имиња на улиците, а особено на:

- Водњанска (Мајка Тереза);
- Салвадор Аљенде (Тодор Александров);
- Бихаќка (Павел Шатев);
- Железничка (Јордан Мијалков);
- Мексичка (Петре Пирузе);
- 27 март (Никола Кљусев);
- Социјалистичка зора (Христо Батанџиев);
- Роналд Реган (Васил Чакаларов), добро баш не мора Реган, ама може Американска :) ;
- 29-ти Ноември (Костурски херои);
- Владимир Комаров (23-ти Октомври);
- 4-ти Јули (Борис Сарафов);
- И секако, ама најсекако Ленинова (Аминта III).

Почнувам со желботекава со време и по леснотија на остварување.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Фотографија: Иван Блажев

Слични содржини

Јавни Простори / Став
Јавни Простори / Став / Екологија
Јавни Простори / Став / Екологија
Јавни Простори / Став

ОкоБоли главаВицФото