Во името на жртвите на груевизмот: Роберто Беличанец

19.05.2017 16:24
Во името на жртвите на груевизмот: Роберто Беличанец

Единасетте години груевизам имаа опустошувачки ефект врз македонското општество. Долг е списокот на штетите кои партиско-државното дивеење ги предизвика: стотици илјади иселени, економска катаклизма, девастирана култура, уништени медиуми, енормна загаденост, искасапени зелени површини, архитектонска перверзија, кражба на буџетски пари од гигантски размери, полициски надзор над стотици илјади луѓе...

Беа уништени и илјадници човечки животи. Се сеќаваме на брутално убиениот Мартин Нешкоски и неговиот татко Драган, кој си го одзеде животот не издржувајќи ја тагата; се сеќаваме на малата Тамара Димовска, симболот и жртвата, како и многу други, на лудачки „реформираното“ здравство; се сеќаваме на жртвите на поплавите кои настрадаа поради негрижа на лажно лопатарските власти, на новороденчињата и родилките кои не ги преживеаја реформите на министерот за смрт, на многубројните неправедно затворени луѓе, жртви на приватизираниот правосуден апарат, од кои многумина скапаа по затворите...

Ослободувањето од груевизмот не го дочекоа ни можеби најмаркантните медиумски борци: Никола Младенов и Роберто Беличанец.

Токму преку луцидните афоризми/цртички на Роберто Беличанец (1972-2013) сакаме да потсетиме на сите жртви на режимот што 11 години ја ја опустошуваше Македонија. Но, духот, пркосот и надежта во подобро општество - остануваат! Меѓу другото и како долг кон жртвите.


* * *

Многумина се чаталат дека биле подготвени да умрат за Македонија! Е тоа е лесно, „патриоти“ - да сте подготвени да живеете за Македонија е тешко!


Прилеп ја направи најголемата перница на светот - заспаната нација сега може да спие на меко...


Елоквентен ко споменик!


Кога некој ќе ти каже дека е голем Македонец тоа значи дека од дома го пуштаат сам до самопослуга!


Исклучи ја струјата! Газиени ламби во секој дом! Проект - Среди го твојот дом во барок стил!


Сите пиздарии настануваат од премногу курчење! Бојл Мариотов закон.


Неправилност е тоа што се забележани гласачи што гласаат за опозицијата!


Пак ми ги прекинаа рекламиве од ВМРО со филм! Не стасав да видам дали ќе направат космодром во Алинци и суперколајдер кај Ропотово!


Кај МТВ кратенката HD значи - Half Definition.


Сите да се зачлениме во ДПМ НЕ!


Влада со телевизија е поопасна од влада со визија.

Излив на идентитет во мозокот... Многу честа болест деновиве...


Градот порано познат како Скопје...


Тој сокол од денешен Вардар што ќе пие вода навистина е јуначко пиле!


Не сакам ексклузивни информации - сакам инклузивни.


Фашизмот е лош по здравјето - на почеток за обичните луѓе, а на крајот во многу голема мерка за фашистите!


Изгледа во ЕУ и НАТО сам по сам ќе влегуваме!


Кре Дебилитет


Свој на своето е автоеротска фантазија со погубни последици по наталитетот!


Патриотизмот е обратнопропорционален со писменоста - докажана работа!


Овде? Слобода на заговор!


Ме загрижува големата моронска ложа. Масонската е заебанција!


Нашето златно теле е бронзено!


Жена парк треба да се вика пендрек шумиче!


Врба на коњ е сè што преостана!


Ебате времето во кое старците зборуваат за слобода, а клинците за конзервативизам!


Јас ова со рецесијава стварно не го разбирам - ова до сега беше благосостојба?


Ако има партиски војници, мора да има и партиски цивили. Кај се? Кои се?


Кирил и Методиј се симбол на неуспешноста на Византиската империјална политика... Неписменоста денес е дел од нашиот идентитет!


Како сме тргнати, НАТО ќе влезе во Македонија!


Патриотизмот е нашата најуспешна стопанска гранка.


Признавање на пораз не е нечесна работа. Инсистирање на победа по секој цена е! Во поразите се преиспитуваме... Во победите ја губиме душата... Тој што не бил поразен, не знае ни да биде победник... Туку само бедник...


Има рокери и барокери. Две непомирливи субкултури.


Кога ќе стасаш со бугарски воз, многу логично е од возот да се симнеш по шпански скали...


Византија пропаѓаше 1000 години, и после 600 години и натаму продолжи да пропаѓа... И никако да пропадне...


Кај нашиот народ поосетливи се ушите од срцето!


Промената на законите не е реформа!
Промената на менталитетот е реформа!


Малите македонски партии си ги викаме пајтон-партии...
Зошто големиве не ги викаме Монти Пајтон партии?


Амур на француски е љубов.
На прилепски е мелено месо за скара.
Културни разлики....


Репортери без медиуми - ново новинарско здружение...


Делувај локално - глупирај се глобално!
ВМРО-IQМНЕ!

Фотографии: Ванчо Џамбаски

Беличанец на Окно

ОкоБоли главаВицФото