Манифестот на лабуристите – храбар чекор

20.05.2017 00:24
Манифестот на лабуристите – храбар чекор

Начелно, во Британија постојат два вида левичари: оние кои веруваат дека пазарите се нужно зло и оние кои мислат дека тие се непотребно зло. Манифестот на Џереми Корбин ја сместува Лабуристичката партија меѓу овие вторите. Оваа позиција им е разбирливо привлечна на гласачите. Довербата во институциите е поткопана уште од финансиската криза во 2008 година, делумно и зашто се сметаше дека тие се на страната на богатите и моќните, одговорни за економската катастрофа. Поранешниот лабуристички лидер Ед Милибанд беше во право кога рече дека центарот на гравитацијата е поместен кон лево и против слободните пазари. Јавноста беше, и сè уште е непријателски расположена спрема големите банкари и е бесна заради висината на директорските плати.

Господинот Милибанд ги загуби изборите во 2015 година зашто беше доживеан како оптоварување, а Лабуристичката партија како симбол кој го изгуби својот сјај. На Џорџ Озборн, тогашен главен стратег на ториевците, му беше оддадено признание за победата од погрешни причини. Тој веруваше дека големината на дефицитот како мерка за економска компетентност ја запечатила победата на ториевците; тоа овозможи да се одржи митот за успешноста на штедењето. За да сфатите колку тоа е ирелевантно, земете предвид дека денес премиерката не го споменува фискалниот дефицит, иако тој сега е поголем отколку што беше пред кризата во 2008 година. Наместо тоа, Тереза Меј ја усвои станбената и енергетската политика на Милибанд, како и политиката на корпоративното управување, и покрај тоа што ториевците ги окарактеризираа како „марксистички“ кога беа понудени од страна на лабуристите. Бидејќи изгледа дека раководството на конзервативците прифаќа многу повеќе интервенции во економијата отколку што некогаш прифатиле тачеристите, на лабуристите треба да им се честита за нудењето похрабар план.

Затоа, манифестот на лабуристите треба да се поздрави. Од 2010 година, просечниот гласач гледаше како стагнираат платите, а личниот долг вртоглаво расте. Иако, ториевците се плеткаат околу пазарот, нивната цел е уште едно свикување на парламентот кој ќе ги намали трошоците и ќе ги зголеми таксите. Вработените се соочуваат со уште еден период во кој платите ќе останат ниски, а станарините ќе растат. Повеќето ќе ги поминат своите зрели години работејќи за на својот закуподавач да му овозможат да стане уште побогат. И покрај тоа, плановите на лабуристите предвидуваат поголемо задолжување за повеќе од потребните инвестиции и финансирање на поголема потрошувачка со повисоки такси. Тоа би ги намалило дупките во заштитната мрежа на државата, составена од Националната здравствена служба, државното образование и социјалната заштита, низ кои во моментов пропаѓаат преголем број луѓе.

Фактот дека од лабуристите се бара експлицитно да се изјаснат дали ќе ги финансираат општините за да им ибезбедат на родителите трошоци за погреб на своите деца – само покажува колку злонамерна земја станавме. Лабуристите слободно можат да размислуваат за големите теми зашто, а тоа е иронично, заостануваат во анкетите и веќе се етикетирани како екстремисти. Тие нудат разумна мешавина – задржување на Законот за човековите права, пари за Сигурен почеток, суспензија на продавањето оружје на Саудиска Арабија и половина места за жените во владата. Господинот Корбин компромисно го заобиколи чувствителното прашање за нуклеарно вооружување, што им оди во прилог на лабуристите. Многу е полошо тоа што неговиот став во врска со брегзитот остана нејасен. Тој нема јасна понуда ни во врска со имиграцијата. Тоа ги остава кандидатите на лабуристите без подготвен одговор на ова клучно и неизбежно прашање.

Да погледнеме кои се најпривлечните политики од овој манифест, оние кои позитивно ќе се рефлектираат во анкетите: ренационализација на железниците и враќање на Кралската пошта во државна сопственост, со план да се обезбеди поштите и потанаму да останат центар на заедниците. Популарно е и едното и другото, иако е скапо. Некои од големите ветувања од овој манифест се повеќе симболични отколку корисни. Цената на енергенсите е превисока, но преземањето на Националната мрежа во државни раце нема да помогне. Во тоа би се заглавила секоја влада, а особено онаа на господинот Корбин која е неподготвена. Укинувањето на школарините за универзитетите звучи како прекрасна идеја, но најголема корист од тоа би имале дипломците кои заработуваат најмногу. На Лабуристичката партија би ѝ било подобро да ги потроши тие пари – околу 8 милијарди фунти – за да направи пресврт во растечкото намалување на бенефициите заради што семејствата на вработените со деца ќе изгубат 3 000 фунти до 2020 година. Овие предлози, како и повисоките такси за оние кои заработуваат повеќе од 80 000 фунти, служат само за истакнување на доблестите на партијата. Раководството на лабуристите веројатно ќе мора да се соочи со своето незадоволно изборно тело. Посветеноста на „социјалистичките“ идеи кои провејуваат низ овој радикален документ ќе биде ставена на проба. Политиката без програма е како „Хамлет“ без данскиот принц. Партиите со помош на програмите ги менуваат своите земји, но и себеси. Тоа треба да биде целта на лабуристите и господинот Корбин.

Извор: https://www.theguardian.com

Слични содржини

Европа / Историја
Европа / Свет / Историја
Општество / Европа / Свет

ОкоБоли главаВицФото