Земја

20.05.2017 00:49

Мала топко од кристал,
Мала топко од земјина руба,
Ми се гледаш речиси иста
Како мала џамлија убава.

Ние сме затворени сите
Во твојата тврда пазува
Што е светната, усвитена,
Што светлината ја измазнува.

Едни: тој коњ што си трча
Дама што по патека шета
Тој цвет со украси од срча
Дете врз својата планета.

Други: oние што околу масата седат
Или оние што пушат
Оние што легнати во песокта се гледаат
Или што крај огнот си ја греат душата.

И сите тие околу самите себе
Без вртоглавица и без напор се вртат;
Слични на камењата од просторот небен
Светиме ние со блесокот на смртта.

Препев: Влада Урошевиќ

Жил Сипервјел (Jules Supervielle 1884-1960) e француски поет роден во Монтевидео (Уругвај). Кога Жил е на возраст од осум години родителите го носат во Франција, каде што и двајцата умираат од некоја епидемија. Во 1939 заминува во Уругвај каде што го затекнува Втората светска војна и каде што ќе остане сè до нејзиниот крај. Сипервјел ја добива Големата награда за литература на Француската академија. Во 1960 Жил Сипервјел е избран за „принц на поетите“. Умира набргу потоа, на 17 мај, во Париз.
Сензибилитетот на Сипервјел е сензибилитет на одново пронајденото детство: тој е поет кој во секоја глетка, во секоја појава ја открива нивната првичност – поради тоа неговите поетски слики ја имаат во себе свежината на еден свет согледан со бескрајно љубопитните и вчудовидени детски очи.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото