Објавена поетска збирка составена од говори и изјави на Трамп

21.05.2017 02:20
Објавена поетска збирка составена од говори и изјави на Трамп

„Јас знам зборови... Ги знам најдобрите зборови“, рече еднаш американскиот претседател Доналд Трамп. Сега тие зборови се објавени како „збирка поезија“ во Норвешка.

„Она што Трамп го кажува е поблиску до поезијата отколку до стварноста“, изјави за норвешкиот весник Афтенпостен авторот на збирката Крис Фелт.

„Бевме запрепастени што со својата реторика, која, се чинеше, делува сосема непромислено, победи на изборите“, вели Фелт.

Книгата е објавена под наслов „Да ја направиме поезијата повторно голема“, што е парафраза на предизборниот слоган на Трамп.

Содржината е составена исклучиво од говори, интервјуа и други изјави на Доналд Трамп од поледниве години. Меѓу нив е и десет години старата изјава за неговата ќерка.

„Реков дека ако Иванка не ми е ќерка, можеби ќе 'одев' со неа.“

Фелт вели дека неговите изјави можат да бидат „сексистички, бедни и збунувачки“, но кога цитатите имаат празен простор околу себе, во нив гледа и други аспекти.

Читајќи ги неговите зборови како поезија, Фелт вели дека во нив почувствувал „очај, несигурност и комплекс на ниска вредност“.

Издавачката куќа Каган го објави првото издание во 2.000 примероци, а еден примерок е испратен и во Белата куќа.

Извор: The Telegraph