Модести Блејз

22.05.2017 01:26
Модести Блејз

Ова више невероватно.
Се враќам од ноќна вожња. Дома. Палам топ-лап. Кафе. Туш. Коа, звони домофон. По аутоматизам (а сто пути ме предупредива - никако аутоматизам у вакви работи) стискам дугме за отварање врата.
Тоа обично, овие флаери шо редат по сандучиња. Сто пути реагирав. Дај сандучињата пред улаз да ги стаиме. Дај. Не ме врти прецедник. Шо ќе украдат, сметки? Досаѓаат. Полесно е да го стиснеш дугмето. Не се нервираш со објаснуења. Те Рептил, те Зур, те Веро... Овиа за избори од вмрото додуша - не. Све си мислам, дека дупликат кључеви од улаз имаат. Лопови у развој, копиљаци.
Стиснав дугмето, не пројде некоја секунда...зррр. Звоно на врата. У тибам, кучни савет за месечни примања? Не!
Стои пред врата една, не знам? Стварно не знам. Отварам вратата до пола и само глава вадам надвор. Ко сум глуп, бар право чекич нек ми опне.
Страв те фаќа. Ко да не е од овде. Мислам, од планетава.
Одма ѝ праам швенк.
Висока скоро ко мене. Коа не носам штикли додуша, а она носи.
Бледи фармерици, дискретно скинати изнад десно колено. Уз нога.
Широк браон каиш со чудна тока, ненападна.
Чизми, на осредњо висока штикла, темно браон, едвај изнад глужд, со ремче, не се дефинира. Каубојки, а не се каубојки. Ги нема оние глупи амерички шари.
Кошуља бела, шлампаста, накај модро, ама оноа - шик, ставена у фармерици, а едно крајче вири надвор. (вероватно трчала по скали, улава некоја)
Марама околу врат, не-на’ врат, околу врат, онака, необавезно.
Коса плава, преливена со браонбела боја, ама преливена, нема оштри ивици, чат-пат бледо љубичасти прамени. Не е дугачка, нешо ко Мег Рајан коа е најубава, до изнад рамења. Раздрагана косата, ко од мотор сеа да се симнала.
Исунчана? Појма неам, полу темносветол тен, можда и некој ревлон...
У, бемти. Шо се дешава?
- Хелоу.
- Хелоу. (Кујзнае како сум зад’ткал. Абе не знаеш, мош службите нешо, од кај знаеш?)
- Кен ај?
- (Оваа ненормална е?) Оф корс :D
Послушно се поттргнав на страна. Си замислуем да извадеше некој скришен пиштољ? Или нош? Бож сачувај. Боље вака.
Влегуе унутра и право се заџипуе накај еден плакат шо иам. Урамен, голем. Сунцокрети некои, изложба пред сто години у Низоземска. Почиње оваа појава да ми збори на македонски, да не ти се веруе. Не баш чис, ко торбешите шо знаат, ама оноа, ај да кажам егзотичен.
(Македонски? Егзотичен? Нема веза. Занес терам понекад.)
- Дојдов по ова.
- ?
- Ај фати од страна, да го симнеме.
Тука више се побунив. Ми се врати малце од малце храброс. Како бе така? Сто години само мењам ѕидови за тој плакат. Револт некој у мене се јави, најискрено. Толку е стар, може и задњи у свет останал. Раритет. Она мене? Сеа ќе види...
- Сакаш кафе?
- Не, не сакам кафе. Фати од таа страна.
Еиии... ме здрви, поново. Оваа ненормална бе.
- А фанта? Иам и ... чек... и швепс иам. Нешо?
- Не, после, ќе видиме. Прво да го симнеме ова.
Шо да праам, шо? Све пробав. Оваа неумољива. Ѝ помогнав, јебга.
- Помогни ми да го симнам у кола.
- Ама...
- Помогни ми да го симнам у кола!
Нормално дека ѝ помогнав. Не сум луд. Ако те фати на пик андеркавер Модести Блејз, нема заебанција.
У тој моменат слушам... бзззз. У магновење се мислам да стиснам снуз, да видам шо ќе се деси на крај, ама нишо. Се расонив. Срипав и право у дневна. На место си беше плакатот.
Ми падна криво.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото