Огледало

22.05.2017 06:42

Ако ѝ дадат огледало додека некаде далеку скита
Во него таа ќе го види животот како од рацете ѝ бега,
Една ѕвезда што свети како срце со неправилен ритам
Што напати оди премногу бргу напати здивот го стега.

Кога ќе ѝ ги доближат нејзините сакани птици,
Таа ќе гледа без нешто да сфаќа и да знае,
Ќе посака, опфатена од страв, да го види своето лице,
Огледалото ќе замолчи, со молк што долго ќе трае.

Препев: Влада Урошевиќ

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото