„Тревник“, „Траекторија“ и „Талир“, нови истраги на СЈО

22.05.2017 13:10
„Тревник“, „Траекторија“ и „Талир“, нови истраги на СЈО

Истрагите „Траекторија“ и „Тревник“, кои ги денеска ги отвори СЈО се однесуваат на незаконитости во пропишана постапка за градење. Со „Тревник“ ќе се истражуваат незаконитости при изградба на викендички во Зелениково, а „Траекторија“ ќе ги расчистува сомнежите околу постапките при изградбата на патниот правец Миладиновци-Штип.

Истрагата „Талир“ е истрага против нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, при што постои сомнеж дека биле злоупотребени 4,9 милиони евра. Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека парите биле злоупотребени во периодот од 2009 до 2015 година, а во него се осомничени 14 лица.

Од СЈО известија дека засега нема да бидат побарани мерки за обезбедување на осомничените односно притвор, но рекоа дека уште денеска ќе побараат замрзнување на дел од имотот на партијата, меѓу кои и на зградата во која е штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на прес-конференцијата, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, побара продолжување на периодот во кој Специјалното јавно обвинителство ќе може да отвора истраги и да покренува обвиненија. Воедно, таа побара да се усвојат и измени на Законот за заштитени сведоци, што, според неа, значително ќе влијае врз работата на СЈО во позитивна насока.

Извор: Алсат-М
Слика: Били Даркарт