Половина од министрите во новата француска влада се жени

23.05.2017 10:28
Половина од министрите во новата француска влада се жени

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела за нов премиер го назначи Едуар Филип, а вчера ја објави целосната листа на луѓе кои ќе ја сочинуваат новата влада. Вкупно има 18 министри, а она што на сите им го привлече вниманието е тоа што полoвина од нив се – жени.

Новите министри се луѓе кои не се многу познати во јавноста, но се вистински експерти во своите области, кои доаѓаат и од левата и од десната политичка опција. Нивна задача е да го намалат протекционизмот во работата, да ги зголемат воените трошоци и да ги решат прашањата за затегнатото европско единство, пренесува Independent.

Кабинетот на Макрон е помал за една третина во споредба со оној на поранешниот претседател Франсоа Оланд. Макрон вети дека токму тој ќе биде човекот кој ќе ја предводи борбата против корупцијата поради даночните и другите скандали кои ја потресоа претходната влада.

Најстариот член на неговиот кабинет е министерот за внатрешни работи, Жерар Колобм (69), социјалистичкиот градоначалник на Лион, кој одигра клучна улога во кампањата на Макрон.

Жан Ив Ле Дриан (69), кој ги водеше воените операции на Франција во странство за време на Франсоа Оланд сега ќе биде министер за надворешни работи.

Вооружените сили сега ќе се најдат во рацете на Силви Гоулард (59). Таа е член на Европскиот парламент и силно про-европски ориентирана, а се смета дека ќе му изврши притисок на Макрон да се вклучи кон европските воени операции.

Министерството за економија ќе го води Бруно Ле Мер (48), кој е силен кандидат на Републиканската партија на парламентарните избори следниот месец.

Некои министерски места се окупирани од страна на луѓе од граѓанското општество. Никола Хулот, познат ТВ презентер кој се залага за зачувување на природата е назначен за министер за заштита на животната средина.

Жените во неговата влада ги зазедоа позициите на министерствата за одбрана, култура, труд, спорт, здравство, транспорт...

Па така, издавачката Франсоа Нисен стана министерка за култура,

а олимписката шампионка Лаура Флесел (45) стана министерка за спорт.

Една од најтешките задачи ја доби Муриел Пенику (62), која се занимаваше со човековите права за групата Данон, а сега е именувана за министерка за труд.

Агнес Бузин стана министерка за солидарност и здравје.

Фредерик Видал е именувана за министерка за високо образование.

Аник Жирардин е одредена да врши контрола над сите сектори.

Елизабет Борне е задолжена за сообраќајните прашања.

Мариел де Сарнез ќе се занимава со европските прашања.

Три пати „ура“ за Макрон!

Извор: www.brif.mk