Сколовранец

23.05.2017 11:45

Сега дури ни на птиците
не им се лета.

Со мене одлетуваат
со патнички авион
во потоплите краишта.

Во кабината цвркотење павкање
свиркање цивкање.
Здодевно вокално одделение.

Птичуријата се одушевува
со крилата на авионот
без мимика.
Со монотематскиот
звук на моторот.

Не се исплати инвестирањето во поезија.
Се сметаат силициумот. Златото.
Можеби и недвижнините

ми цвркоти сколовранецот.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото